Македонија
Прво продолжение на 15 та седница на Собранието на Република Македонија
Собранието на Република Македонија во вторник ќе ја продолжи 15 седница што пратениците ја отворија и отпочнаа во понеделникот, а на чиј дневен ред ставени се поголем број предлог закони за изменување и дополнување меѓу кои и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, Предлог на закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри како и Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година.
Народните избраници на дневен ред на првото продолжение на петнаесетата седница ќе треба да расправаат по Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, во скратена постапка.
Собранието на седница треба да разгледува и Предлог на закон за заштита и благосостојба на животните, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Предлог на закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, Предлог на закон за изменување на Законот за јавно здравје, Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог на закон за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог на закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите во прво читање.
На дневен ред на седницата треба да се најдат и Предлог на стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009 – 2019, како и Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се зголемуваат цените на бензините и дизелот
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,854 денари за килограм и сега ќе изнесува 32,987 денари за килограм.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Филипче да одговори дали има кредибилитет да води партија?
Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница Жан Митрев. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување. Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта. Овие обвинувања не доаѓаат изолирано. Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции. Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но ја седи фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба“, рече тој.
Според Петрушевски, прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори – дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија?
„Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува.Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите“, рече тој.
Македонија
Цариниците запленија девизи, злато, музички инструменти и домашна ракија
Царински службеници и мобилни царински тимови во различни случаи открија неколку обиди за шверц на разна стока и тоа девизи, злато, цигари и бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија.
13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле пронајдени 23.900 евра, а во неговиот паричник и во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 3 златни монети, секоја со маса од околу 8 грама и една златна плочка со маса од околу 90 грама. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.900 евра, златните монети и златната плочка се привремено задржани.
При контрола на автомобил кој се пријавил за влез во држвава на граничниот премин Ќафасан кај совозачот пронајдени се непријавени 20 илјади евра. Според Законот за девизно работење на странката и се вратени 10 илјади евра, а остатокот од 10 илјади евра се привремено задржани.
На излез од држвава на граничниот премин Богородица кај четворица патници се пронајдени вкупно 20.000 евра. Односно, секој од нив со себе носел по 5.000 евра, сума која е потребно да се пријави и за која е потребна потврда од овластена банка или менувачница при изнес од државава. Според Законот за девизно работење на секој од патниците им се вратени по 2.000 евра, а остатокот од по 3.000 евра или вкупно 12.000 евра се привремено задржани.
30 штеки цигари со турски акцизни маркички, 279 парчиња накит-бижутерија и 30 килограми монистри се пронајдени од страна на царински службеници при контрола на автобус со турски регистарски таблички, пријавен за влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле пронајдени во фабричка празнина во просторот за одмор на возачите, а накитот бил пронајден во ќеса сместена во багажниот простор на автобусот. Вредноста на непријавените производи изнесува 73.780 денари, а избегнатите давачки се во износ од 75.038 денари.
17 шишиња со течност за инјекции за животни од 100ml и 250 ml се пронајдени во ташна на патник – странски државјанин со пријавено живеалиште во Прилеп, кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Стење. Стоката е привремено одземена.
На влез на граничниот премин Табановце се пријавил патник кој со себе имал АТА карнет, но при контрола од страна на царински службеници во багажениот простор помеѓу пријавените музички инструменти пронајдени се и 4 парчиња нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и употребуван модул за електрични тапани кои не биле опфатени во АТА карнетот, а патникот не ги пријавил.
На граничниот премин Табановце, по насоки од Одделението за дежурен царински центар извршен е детален преглед на возило, пришто се пронајдени 60 литри домашна ракија. Од страна на возачот пријавени биле само неколку мали канти со сирење и патнички торби, а ракијата која била во пластични шишиња и туби е откриена во задните врати под тапацирот, во кровот, под хаубата и во патнички торби.

