Македонија
Пуштање во употреба на систем за управување со отпадните води во Наколец
Системот за управување со отпадните води во село Наколец, на брегот на Преспанското Езеро, ќе биде официјално пуштен во употреба во сабота.
По тој повод во посета на успешно завршениот проект ќе бидат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Со вкупна инвестиција од над 500,000 УСД, изградени се канализациона мрежа со должина од 4.2 км и современа пречистителна станица, со што се овозможува безбедно зафаќање и ефикасен третман на отпадните води од ова крајбрежно населено место. На тој начин, не само што конкретно се придонесува кон заштитата на Преспанското Езеро, туку значително се подобрува и квалитетот на живот на локалното население.
Средствата за оваа значајна инвестиција беа обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Општината Ресен и Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведуваа овој проект благодарение на техничката поддршка на УНДП. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

