Македонија
Работилница за пратениците во Собранието на тема антикорупција
Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на Германија, од јули 2014 година започна со реализација на двегодишниот ИПА Твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”.
Во насока на остварување на целта на проектот, Државната комисија за спречување на корупцијата организира две работилници на тема „GREKO четврт круг на евалуација – препораки во однос на членовите на Собранието”, кои што претставуваат континуитет на веќе реализираните во 2015 година.За реализација на оваа активност е ангажиран г. Драго Кос, врвен меѓународен експерт за антикорупција. На работилниците интерактивно, преку дискусија и изнесување на ставови и размислувања, ќе се опфатат темите Препораките од Четвртиот круг на евалуација на GREKO на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите”; Судир на интереси; Етички кодекс и други етички прашања за пратениците; Лобирање врз носителите на законодавната власт.Работилниците ќе се одржат во четврток и во петок, во Собранието на Република Македонија, сала „Борис Трајковски“, со почеток во 13 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

