Македонија
Работниците на МЖ од пругата отстранија два тона тешки карпи
Поради обилните дождови кои ја зафатија Македонија, особено во јужните делови, поточно на делницата Демир Капија-Клисура- Миравци имаше големи одрони на железничката пруга, соопшти Македонски железници.
Одроните влијаеја, утринскиот воз кој се обраќа од Скопје кон Гевгелија да биде задржан во станица Демир Капија.
Екипи на ЈП Македонски железници Инфраструктура веднаш реагираа со целокупната механизација која се движи по пруга , бидејќи сите околни локални патишта беа поплавени и не беше возможно движење со други превозни средства.
Посебно внимание работниците обрнуваат на мостовите каде што надојдените реки носејќи се пред себе, претставуваат опасност за непречено одвивање на железничкиот сообраќај.
По одредено време работниците успешно ја остранија карпи тешки околу два тона и останатите пречки долж пругата и со тоа овозможувајќи непречено одвивање на железничкиот сообраќај.
На оваа делница имаме редовен секојдневен затвор на пругата од 9 до 17 часот заради градежните работи кои се одвиваат за ремонтот на пругата Ногаевци-Неготио што значи дека ниеден воз не бил во застој поради поплавите, се вели во соопштението.
Поради настанатата ситуација екипите менаџерскиот тим на ЈП МЖ Инфраструктура, остануваат на критичните места и будно ја следат ситуацијата се се со цел да интервенираат доколку е тоа потребно. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

