Македонија
Рајската градина во Аеродром ќе почека – ЕЛЕМ го поништи огласот
ЕЛЕМ го поништи огласот за изградба на Рајска градина во Ново Лисиче, а во образложението се наведува дека понудите не биле прифатливи.
„Јавната постапка за избор на изведувач за изградба на Рајски парк е поништена поради процедурални причини. АД Електрани на Македонија нема финансиски импликации кон други субјекти поврзани со овој предмет, а низ органите на Компанијата дополнително ќе се одлучува околу понатамошните активности и идниот статус на проектот“, образложуваат од ЕЛЕН на интернет страницата за јавни набавки.Според најавите, Рајската градина требаше да се гради во Ново Лисиче, на просторот во близина на ФФМ, а целиот проект би требало да чини околу 15 милиони евра. Во паркот требало да има мајмуни, срни,елени, фазани и други животни, како и езерца, ресторани и друга инфраструктура.Најавата дека ЕЛЕМ ќе гради ваков парк наиде на осуда меѓу граѓаните, кои забележуваат дека се трошат огромни пари за луксуз, а тие плаќаат превисоки сметки за електрична енергија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

