Македонија
Регионот заеднички треба да се бори против трговијата со луѓе
Проблемот со трговијата со луѓе државите не може да го решат самостојно и затоа е потребен регионален пристап во справувањето со оваа општествена појава која зема сè поголем замав во различни форми.
Ова, меѓу другото, беше истакнато на работилницата посветена на регионална соработка за поефикасен одговор во борбата против трговијата со луѓе во Југоисточна Европа, што се одржува во Охрид. „Феноменот на трговија со луѓе кај нас бележи надолна линија, но има и осцилации во тој дел. Затоа не може да се анализира само проблемот на трговија со луѓе изолирано, од другите, би рекол сродни области, како што е криумчарењето на мигранти или нерегуларната миграција коишто имаат драматично зголемување на статистичките бројки“, истакна Трпе Стојаноски, директор на МАРРИ регионалниот центар во Скопје.Според него, целта на дводневна средба во Охрид на земјите од регионот е да се презентираат националните искуства, добрите практики и сивите зони на кои наидуваат државите кога се соочуваат со проблемите на трговијата со луѓе. Стојаноски смета дека контактите меѓу институциите, како и личните контакти меѓу надлежните во оваа проблематика се многу значајни и придонесуваат за зголемување на довербата, а со тоа и развивање на нови методи на делување пред сè на брзата размена на информации која во многу случаи знае да го скрати времето потребно за реакција.Анастасија Илиеска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, посочи дека координацијата на институциите во регионот дава позитивни резултати, со што трговијата со луѓе значително е намалена во однос на десетина години наназад.„Во изминатите 11 месеци до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, поднесени се 3 Кривични пријави за трговија со луѓе и трговија со дете, при што пријавени се 4 сторители, од кои едно лице е од женски пол. Од страна на институциите идентификувани се 8 жртви на трговија со луѓе од кои 6 лица се малолетни, 2 полнолетни од кои едно е од машки пол. 7 се државјани на Република Македонија, а 1 е жртва од странство која добила дозвола за привремен престој во нашата земја. Најзастапен вид продолжува да биде сексуалната експлоатација, присилните бракови и трудовата експлоатација. Од вкупно 8 жртви, 5 се екплоатирани во Скопскиот, една во Пелагонискиот регион, додека 2 наши државјанки се експлоатирани во странство (Словенија и Италија). Во Центарот за жртви на трговија со луѓе сместени се 6 жртви на трговија каде имаат добиено првична помош и заштита“, нагласи Илиевска.Таа истакна дека Стејт Департментот на Соеднинетите Американски Држави пет години по ред ја става Македонија во првата група, односно во групата ТИЕР 1 – земји што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе, признание кое малку земји го имаат добиено.Инаку, работилница “Регионална соработка за поефикасен одговор“ ја следат 35 претставници од земјите од регионот и меѓународни организации кои работат на полето на спречување на трговијата со луѓе. /крај/ох
Извор: Ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка
„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра. По камуфлирањето на кусокот на 2.000 тони жито вреден 800.000 евра на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2022 година Компанијата „Тргопродукт“, која е во сопственост на кланот Заеви, добила грант вреден 1,4 милиони евра. Тоа е истата фирма на кланот Зaеви препознатлива под брендот „Мамас“.
Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.
Колку вакви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени?
Дали Љупчо Николовски како тогашен министер интервенирал и им ја возвратил услугата на кланот Заеви за да добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра?
Дали ова е меѓусебен дил на Заев и Николовски и колку вакви злоупотреби со тендери и грантови во нивната коруптивна шема постојат?
ЈО да отвори постапка и да ги истражи случаите.
Николовски како и Филипче се дел од корумпирана структура и дел од криминалните шеми на Заев и се додека СДС не се ослободи од овие компромитирани кадри не може да биде конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност во демократските процеси во државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Министерскиот состанок претставува уште една можност министрите да разменат ставови во однос на донесените одлуки од Самитот на НАТО во Хаг, кои се важни за иднината на Алијансата, како и да разменат мислења за напредокот во зајакнувањето на индивидуалните способности и капацитети за овозможување ефективна колективна одбрана и безбедност.
Во фокусот на дискусиите се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани, вклучително и дестабилизирачките активности на малигните актери и стратешките конкуренти, кои имаат за цел да ја нарушат воспоставената безбедносна архитектура и меѓународниот правен поредок, извести Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На маргините на министерскиот состанок, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, како и да учествува на тематски состанок посветен на Коридорот 8.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).

