Македонија
Ректорската управа на УКИМ бара повлекување на измените на Законот за високо образование
Ректорската управа на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ му предлага на Министерството за образование и наука да ги повлече од собраниска процедура предложените законски решенија за високо образование, соопштуваат од УКИМ.
Според членовите на ректорската управа, текстот на законските решенија поставени на јавен увид и јавна расправа на порталот ЕНЕР врз основа на кои расправаа факултетите и институтите на Универзитетот, се разликува од текстот на законските решенија поставени во материјалите за седница на Собранието.„Новите одредби претставуваат суштински промени на текстот со што се наметнува потребата донесувањето на предложените закони да се одложи за да се овозможи поширока јавна расправа и дебата со законски и стручни аргументации, односно чинителите во високото образование – државата и универзитетите заеднички да имаат можност да расправаат и да одлучат за промените во високото образование кои ќе придонесат во обезбедувањето на квалитетот во оваа значајна општествена дејност. Истовремено се заклучи дека за вакви значајни измени, рокот од ставањето на јавен увид на предложените законски решенија до ставањето во собраниска процедура е прекраток за учество на сите засегнати страни во насока на создавање на квалитетен текст кој се очекува како од страна на овластените предлагачи за донесување на прописи така и од другите чинители во остварувањето на високообразовната дејност, за што Министерството за образование и наука е известено“ се вели во закчучоците на УКИМ.Попладнево студентите ќе излезат на протест пред Владата против измените на Законот за високо образование./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

