Македонија
Романската обвинителка Ковеси заедно со Јанева во Скопје на конференција за корупцијата
Романската обвинителка која покрена истраги против високи функционери во Романија, Лаура Кодрута Ковеси, главен обвинител во Националниот директорат за антикорупција, заедно со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во вторник ќе имаат свои обраќања на конференцијата „Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“, што ќе се одржи во вторник во 10.30 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
Според програмата, амбасадорот на САД, Џес Бејли, министерот за правда, Аднан Јашари и првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски, ќе имаа воведни обраќа.Во програмата што ја испратија од МЦМС не е најавено дека свое обраќање ќе има Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.Утринската сесија на конференцијата ќе ја отворат Ковеси и Јанева и ќе зборуваат за непристрасноста, интегритетот и ефикасноста во борбата против корупцијата на високо ниво. Јоана Авадини, извршен директот на Центарот за независно новинарство од Романија, Руслан Стефанов, директор на економската програма при Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, и Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернационал – Македонија, ќе зборуваат во попладневната сесија за индивидуалната наспроти колективната одговорност во борбата против корупцијата. Во паузата меѓу двете сесии, до 11:45 до 12:15 е планирано времето за прес-конференција и изјави за медиумите.Конференцијата ја организира програмата на УСАИД за борба против корупцијата ја спроведува МЦМС со партнерите: Институтот за демократија Социетас цивилис Скопје (ИДСЦ), Транспарентност Македонија и Асоцијацијата за демократски иницијативи – Гостивар (АДИ). Во 2003 година Романија го основа Националниот антикорупциски директорат (НАД), канцеларија на јавниот обвинител со задача да се бори против корупцијата и митото. Првично целта на НАД беа личности од пониско ниво, но за неколку години таа почна да нишани многу повисоко, и соодветно се зголеми бројот на луѓето на високи функции што беа осудени за мито од над 10.000 евра.Минатата година 1.138 поединци, меѓу кои политичари, бизнисмени, судии и обвинители, беа осудени за корупција во Романија, во споредба со 155-те во 2006 година. Меѓу нив имаше 24 градоначалници, пет пратеници, двајца поранешни министри и еден поранешен премиер, а да не ги споменуваме и седумте судии и 13-те обвинители. Меѓу осудените имаше политичари од сите бои, без оглед на партиската припадност./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

