Македонија
Само 44.7% од студентите се вработуваат во рок од три години по дипломирањето
Само 44.7 проценти од димпломираните студенти во Македонија се вработуваат во рок од три години по завршувањето на студиите што е сосема спротивно во однос на просекот од 74.8% во Европската унија.
Ова е еден од заклучоците од регионалната конференција за образование што се одржа во понеделник во Тирана, а на која учествуваат министри за образование и вработување од Југоисточна Европа и Турција како и високи претставници од Институции од Европската Унија.
Конференцијата е во организација на Европската Фондација за Обука, а неа учество зема и македонскиот министер за образование и наука Абдулаким Адеми.
На конференцијата беа изнесени податоци дека во Македонија само 3.6% од возрасните, во 2013 биле дел од процесот на образование за возрасни, за разлика од Европската Унија каде просекот е 10.7%. Со што се наметна заклучок дека, имајќи ги во предвид брзите промени во глобалната економија, обуката за возрасни ќе биде сè поважна.
Исто така, беше кажано дека само 44.7 проценти од димпломираните студенти во Македонија се вработуваат во рок од три години по завршувањето на студиите што е сосема спротивно во однос на просекот од 74.8% во Европската унија.
Неодамнешна студија на Меѓународните трудови организации го потврдија постоењето на значителен број на високо образовани (18,9% од младите работници) паралелно со ниско образовани (14,3%) млади лица во Република Македонија, два феномени кои ги ослабуваат можностите во образованието и покажуваат неефикасно искористување на човечките ресурси.
Ова беа само дел од неколкуте заклучоци поврзани со Македонија, од кои беа извлечени заклучоци дека само со високо ниво на политички дијалог може да се поддржи развојот на регионалната соработка, што ќе доведе до подобра едукација, обука и работни места за сите.
Во име на Европската комисија, Европската фондација за обука обезбеди поддршка на земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати во нивните напори да ги развијат вештините потребни за одржлив економски развој и да создадат социјална кохезија од среднорочна до долгорочна перспектива.
Според најновите податоци на невработеност кај младите во Албанија бројката достигна 26%, во Црна Гора 41%, во Србија 46 %, во Република Македонија 54%, а во Босна и Херцеговина дури 57%.
Конференцијата беше одржана по повод завршувањето на проектот поддржан од Европската Унија, FRAME, кој имаше за цел анализа на можностите за развој на стратешките образовни вештини во седум земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. Проектот FRAME ги опреми владите, меѓу другото и со иновативна методологија за предвидување на компетенцијата, вештините и квалификациите кои луѓето и економиите ќе треба да ги имаат до 2020 година. FRAME и помогна на македонската влада да подготви стратешка визија за вештини потребни за подготовка на процесот за евентуалните финансирања од претпристапната помош (ИПА II) од ЕУ.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на панел во Давос со американскиот секретар за енергетика: „Македонија мора да стане активен играч во енергетиката“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на панел за енергетика во рамки на Светскиот економски форум во Давос, заедно со секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт. Тој изјави дека зад себе има успешен и инспиративен ден со средби со мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.
„Претставивме можности за инвестиции во македонската економија – нешто што значи додадена вредност за граѓаните“, рече Мицкоски во видео-обраќање.
Во фокусот на денот, како што рече, бил панелот на кој учествувале водечки светски енергетски компании. „Разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката, особено во производството на електрична енергија“, кажа Мицкоски, кој притоа истакна три клучни поенти од панелот:
Побарувачката на електрична енергија ќе расте два и пол пати побргу од вкупната побарувачка на енергија во светот во наредните години. „Македонија не смее да биде нем набљудувач, туку активен чинител“, порача тој, повикувајќи на рестарт на проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост.
Во следните десет години, светот ќе треба да изгради капацитети што ќе произведуваат 40.000 терават-часови електрична енергија – што е 5.500 пати повеќе од целата потрошувачка на Македонија, и приближно колку што трошат САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно. Причина за ова е експанзијата на вештачката интелигенција и дата центрите што работат исклучиво на електрична енергија.
Македонија треба да ја диверзифицира економијата и од фокус на автомобилската индустрија да стане значаен играч во енергетиката, користејќи ги постојните ресурси и потенцијали за обновлива енергија.
„Убеден сум дека можеме да успееме како држава во оваа насока“, изјави премиерот.
Македонија
МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час
Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.
„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.
Фото: МВР
Македонија
Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР
Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 степени, додека максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, јавува УХМР.
За Скопје се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Во Скопје, исто така, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу -6, а максималната ќе биде до 2 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе продолжи претежно стабилно време, со појава на магла во поодделни котлини. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, односно снег на планините и повисоките места.

