Македонија
Шарената револуција блокира мостови во Скопје

На пладне, како што најавија демонстрантите од Шарената револуција, беа блокирани неколку мостови во Скопје.
Блокирани се мостот Мајка Тереза кај МАНУ, мостот „Слобода“ и мостот „Гоце Делчев”Граѓаните од Шарената револуција се одлучија на блокади како јавен притсок врз власта за исполнување на нивните барања, за кои тие дадоа ултиматум да се исполнат до 18 јуни.Првото барање е произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО. Второто барање е запирање на прогонот врз демонстрантите, да се ослободат сите приведени и повлекување на сите кривични пријави од МВР за учество во протестите.Третото барање е оставка од Владата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.Четвртото барање е оставка од претседателот Ѓорге Иванов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)