Македонија
Шарената револуција со голем протест во понеделник пред СЈО
Организаторите на Шарената револуција во Скопје, најавија масовен протест во понеделник (20-ти јуни) во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје.
„На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата.
Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме.
Нашите ултимативни барања не беа исполнети. Тврдина на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана. Груевски се плаши од затворот што го чека! Како граѓани имаме обврска да го спасиме СЈО од прангите на криминалците на власт!“, велат на социјалните мрежи.
Потсетуваат дека иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце. „Институциите што треба да не’ бранат нас граѓаните всушност ги бранат само криминалите на владеачката партија. Не може да има правда во државата, кога режимот врши прогон врз оние кои се борат за слобода, правда и еднаквост.
Да потсетиме кој му даде право на Иванов да помилува криминалци – сега истиот тој партизиран Уставен суд повторно се заканува на СЈО!
Доста беше драги сограѓани, на Груевски му е дојден крајот! Потребно е уште малку да го притиснеме! Да бидеме сплотени и здружени како никогаш порано!“, додаваат демонстрантите.
Во четврток на пладне, тие блокираа неколку мостови во Скопје, како дел од герила акциите кои ги најавија и ги спроведуваа претходните денови, до истекување на рокот кој му го дадоа на Уставниот суд да ја оцени уставноста на институцијата Специјално јавно обвинителство, до 18 јуни.
Со оглед на тоа, што Уставниот суд на претходнат, а и на следната седница нема таква точка на дневен ред по која ќе расрава, демонстрантите од Шарената револуција, продолжуваат со протести низ градот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.