Македонија
Шарената револуција со собир пред Собрание во понеделник за поддршка на СЈО
По неколкунеделна пауза, следбениците на таканаречената Шарена револуција во Скопје, во понеделник ќе се соберат повторно, овојпат пред Собранието да искажат поддршка на Специјалното јавно обвинителство, кое според нив, повторно е под канонада на власта.
„Ве повикуваме во понеделник, на 26.09.2016, во 17 часот пред Собранието на Република Македонија на јавен собир за поддршка на СЈО. По летните одмори, СЈО повторно е под каконада на режимските глсноговорници. Периодов во Собранието и по медиумите под контрола на обвинетиот Груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО. Истовремено, власта со кој се уште управува обвинетиот Груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција“, се вели во повикот објавен на Фејсбук..Потсетуваат дека судиите од „тефтерот на Горде“ (поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска) продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото кое беше прифатено и го вратија едниот Обвинителен предлог кој СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на зврлевски.Исто така, додаваат дека Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО.„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат исклучиво за дискредитација на Катица Јанева и институцијата која ја претставува.Владата зад која се уште стои обвинетиот груевски, продолжува да остава на високи функции луѓе кои се под истрага за сериозни кривични дела од страна на СЈО“, велат од Шарената револуција.Сметаат дека на СЈО повторно му е потребна нивната помош за да не се дозволи „режимот да помисли дека оваа институција барем за момент е без силната, здружена и одлучна поддршка на граѓаните! Се додека нема правда, нема да има мир!, порачуваат тие.Стотици, граѓани маршираа по улиците на Скопје неколку месеци, секојдневно, а потоа ги проретчија собирите, револтирани од методите на власта, од нивниот однос кон заеднички формираното Специјално јавно обвинителство кое е задолжено да покрене постапки против евентуален криминал кој произлегува од нелегално прислушуваните разговори што во јавноста ги објави опозициската СДСМ. Продолжија со помасовни и понасилни протести по аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, за сите политичари кои беа опфатени со случаите за кои е надлежно СЈО, по што ја демолираа Народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје, а зградите од проектот „Скопје 2016“ ги боеја со различни бои, по што и таканаречената револуција го доби името Шарена револуција. Потоа излегоа со најразлични герила акции, кога упаѓаа во прес конференции на градоначалникот на Битола со најразлични пораки, но и со блокирање крстосници и мостови во Скопје.Неколку активисти на Шарената револуција беа уапсени, им беше одреден и притвор, но подоцна беа пуштени на слобода, а против нив се водат судски постапки за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Сето тоа заврши кога политичките партии постигнаа договор за одржување предвремени парламентарни избори во декември, откако лидерите на партиите констатираа дека се исполнети сите услови за тоа. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.
Македонија
Европската Унија ги одби предлозите на балканските превозници, најавени нови блокади: „Последниот состанок беше катастрофален“
Европската унија ги одбила сите предлози на превозниците од Западен Балкан со кои требало да се реши проблемот со нивниот престој во Шенген зоната. Истакнато е дека превозниците донеле одлука за повторна блокада на товарните гранични премини, но засега не е познат точниот датум на новите блокади.
„Последниот состанок со нив беше катастрофален. Не прифатија ништо што предложивме, само рекоа – вклопете се во правилото 90/180, поинаку не може“, изјавил претседателот на деловното здружение „Меѓународен транспорт“ Неѓо Мандиќ за „Танјуг“.
На прашањето дали превозниците размислуваат за повторна блокада на товарните премини доколку наскоро не се постигне договор со Европската унија, Мандиќ изјавил дека одлуката веќе е донесена, но дека се чека усогласување со превозниците од другите земји од Западен Балкан.
„Донесовме одлука повторно да одиме со блокади, но за сè е потребно време, бидејќи мора да ја усогласиме постапката со колегите од другите земји од Западен Балкан. Кога ќе го усогласиме терминот, тогаш ќе го одредиме точниот датум. Мора да се состанеме и да се договориме околу сите детали, така што не знам кога ќе започнат блокадите“, нагласил Мандиќ.
Предлозите што на последниот состанок властите од регионот на Западен Балкан и превозниците ѝ ги упатиле на Европската комисија биле одбиени со коментари дека се „невозможни, премногу креативни и спротивни на Шенген законодавството“, додека било предложено возачите да пријават престој во некоја од поблиските членки на ЕУ, што за превозниците било неприфатливо, прене „Вијести“.
Протестите претходно започнаа на 26 јануари 2026 година со барање професионалните возачи да не се третираат како туристи во Шенген зоната, туку да добијат посебни правила за престој. Блокадите беа суспендирани на 29 јануари по најавата дека Комисијата ќе ги разгледа можните корективни мерки, но по објавувањето на официјалниот став на ЕК дека нема посебни измени за превозниците, се отворија нови реакции и незадоволство меѓу транспортерите.
Македонија
Oбвинувања за канабисот: ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за лиценците, СДСМ прашува кој дозволил 5 тони дрога да ја поминат границата
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и утрово разменија обвинувања поврзани со лиценците за производство на канабис и со запленетата марихуана.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која, како што наведуваат, биле запленети околу 30 тони марихуана, добила лиценца во 2020 година, во период кога на власт биле Зоран Заев и Венко Филипче. Партијата наведува дека фирмата е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев и повикува Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на поранешни функционери со бизнисот со канабис.
„Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев. Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со оваа фирма или 70 отсто“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата нагласува и дека измените на Правилникот за одгледување на канабис во 2023 година, отвораат прашања за законитоста на процесот. Од партијата бараат институционална одговорност.
Од друга страна, СДСМ обвинува дека власта се обидува да дефокусира и да го заташка случајот со 5 тони дрога што ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Според СДСМ, јавноста 16 дена чека одговор како дрогата ја поминала границата и кој ќе понесе одговорност.
„Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена. Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта“, велат од СДСМ.
Партијата прашува како се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, а институциите не знаеле, не провериле, не контролирале.

