Македонија
СДСМ: Диме Спасов ќе одговара за сé
Опозициската СДСМ бара од актуелниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, да одговара за „злоделата“ што ги направи пред неколку дена, кога возејќи службено возило од друга институција направи две сообраќајки.
„Диме Спасов мора да се извини и да поднесе оставка! Недозволиво е тој пет дена да се крие. Мора да излезе пред граѓаните и да им објасни што сè правел во петокот ноќта“, велат од партијата.
Од таму сметаат дела граѓаните заслужуваатт Спасов како дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика да објасни зошто возел автомобил кој е на Агенцијата за вработување!? И зошто на тоа возило ставил гориво со картичка од Министерството за труд и социјална политика односно со пари на граѓаните
Исто така, бараат одговори зошто чукнал неколку возила низ Скопје и бегал пред да биде запрен од полицијата.
„Граѓаните мора да слушнат од него зошто бегал од полицијата со трчање што го покажува неговото неодговорно и непресметливо однесување. Спасов мора да одговори зошто кукавички пратил друг за да лаже дека возел наместо него, само за да се спаси од одговорност“, додаваат од СДСМ.
Сметата дека неодговорно е од Спасов и од ВМРО-ДПМНЕ што лажеа дека Спасов бил бркан од криминалци и дека тој бил жртвата.
„Спасов веднаш да си даде оставка и да ги остави останатите три возила со коишто противзаконски располагал а се на Агенцијата за вработување, пред и нив да ги излупа, да избега или да повреди луѓе“, додаваат од СДСМ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

