Македонија
СДСМ и Клиниката за очни болести на различна релација за инфицираните пациенти
Опозициската СДСМ веќе неколку дена обвинува дека оперирани пациенти на Клиниката за очни болести добиле инфекција поради употреба на несоодветен препарат, а од Клиниката им порачуваат да ги остават тие да се грижат за пациентите.
„СДСМ го повикува Никола Тодоров да објасни дали на Клиниката за очни болести се случил скандал од огромни размери и дали и како е тој поврзан со него? Дали компликациите на пациентите со оперирани очи се поради употреба на несоодветен препрарат за време на операција? Кој го донел препаратот на Клиниката за очни болести и наложил негова употреба? Колкумина пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите“, стои во денешното соопштение од партијата.
Според нив, последната информација од болнички извори е дека бројката на пациенти со компликации после операција се искачил на повеќе од 25 пациенти.
„И денеска демантираме дека на нашата клиника има повеќе од 25 пациенти со какви било здравствени проблеми. Од ден на ден се изнесуваат лаги и невистини, а особено сме вчудоневидени како на дрзок и безобразен начин си играат со бројот на пациенти: 15, 25, повеќе од 25 и така натаму, како и со интегритетот на нашата здравствена институција, велат од клиниката“, велат од Клиниката.
Според нив, обвинувањата од страна на опозицијата се лаги и дезинформации и прашуваат дали е тоа поради политички, бизнис или личен интерес.
„Доволно се грижевте за здравјето на нашите пациенти, ве молиме повеќе да не се грижите, оставете го тоа на вистинските и докажани професионалци. Клиниката за очни болести ќе продолжи да ја работи својата работа професионално и во континуитет во интерес на здравјето на пациентите“, стои во реакцијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

