Македонија
СДСМ нема да ги намали платите како што пласира ВМРО-ДПМНЕ
Растот на платите е клучен елемент во Програмата за Живот во Македонија, на СДСМ, а за тоа предлагаат повеќе мерки.
„Апсолутно дека нема да ги намалиме платите. Ние мислиме дека излезот за Македонија е во раст на платите. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и тоа ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, рече Драги тевдовски од СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, ан прес-конференција во среда.
Тој потенцира дека растот на платите е еден од клучните елементи на нивниот План.
„Нашиот План за живот содржи мерки кои ќе прават притисок платите во Македонија да растат. До април 2017 година ќе ја подигнеме минималната плата на 12 илјади денари. До крајот на мандатот таа ќе изнесува до 16.000 денари. Ќе ги зголемиме платите платите во здравството и образованието. За две години, ќе ја изедначиме почетничката наставничка плата со просечната плата во државата, а двојно ќе ги качиме платите на лекарите и здравствените работници. Ќе создадеме услови за подобро организирање на работниците при преговарањето за платите, со тоа што колективните договори ќе станат задолжителни за сите правни субјекти со над 20 вработени, а синдикатите ќе можат да се регистрираат само во Централен регистер“, рече тевдовски.
За подобар живот во македонија планираат и да воведат фер даночен и социјален систем, контролни механизми за луѓето на власт, целосна транспарентност во јавните расходи и повторно подигање на срушеното јавно образование и здравство./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

