Македонија
Се очекува ново невреме, не се знае дали ќе биде со исти размери
Метеоролозите најавуваат ново невреме во попладневните часови во скопскиот регион, но не се знае дали ќе биде со катастрофални последици како вчерашното невреме во кое неофицијално загинаа 20 лица.
Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Оливер Ромевски учествуваше на Управувачкиот комитет за справување со кризи и рече дека не очекувале невреме од вакви размери.
„Се случи феномен, во овој момент сум многу потрсен. Додека дуваше ветер со 70 км/час, атмосферската маса застана и почна да истуира една т.н. „водена бомба“. На Зајчев рид беа измерени 94 литри/м2, а на Петровец само пет л/м2. Природата си го направи своето“, изјави Ромевски.
И денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни лолално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.
Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

