Македонија
Се одложи судењето за Божиновски, ќе се менува судијката во случајот
Судењето за новинарот Зоран Божиновски коешто требаше да се одржи во вторник во 10 часот, повторно се одложи бидејќи судијката што го води овој случај, Сандра Крстиќ е на боледување, а случајот се очекува да го преземе судијката Ленка Давиткова.
Како што информираат од Основниот суд Скопје 1, преземањето на случајот е во процедура и деновиве Давиткова треба да го преземе овој предмет. Од Судот во понеделникот испратија соопштение до јавноста во кое се вели дека судијката Сандра Крстиќ од лични и семејни причини побарала да биде прераспоредена во друг оддел за да не се одолговлекуваат судските постапки и итно да се постапува по притворскиtе предмети. На нејзино место од Одделот – Кривично полнолетни е префрлена судијката Ленка Давиткова и таа ќе ги преземе сите предмети на Крстиќ. На местото на Давиткова пак е прераспределен судијата Васил Динковски од Одделот – Претходна постапка. Минатиот пат судењето за Божиновски беше одложено затоа што Основниот суд Скопје 1- Скопје не можеше да ги добие доказите бидејќи предметот „Шпион“ беше на јавна седница во Апелациониот суд.Божиновски беше дел од предметот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена бидејќи тој беше недостапен. Во 2014 година беше донесена пресуда за овој случај во којшто се осудени главно сегашни и поранешни припадници на разузнавачката агенција, Управата за безбедност и контраразузнавање, како и Министерството за одбрана.Осудените се товарат дека се занимавале со шпионажа, но и со уцена на влијателни личности во Македонија од кои барале пари за да не им објават детали во јавност од нивните приватни животи.Во меѓувреме, надлежноста над предметот ја презеде Специјалното јавно обвинителство кое на јавната седница на Апелација ги отфрли сите жалби на обвинетите и единствено побара да им се намалат затворските казни на осудените. Апелациониот суд се уште нема донесено одлука за овој случај, а во вторникот ги пушти од притвор двајца обвинети во случајот, Миќо Насковски и Цветан Дамјановски./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

