Контакт

Македонија

Се уште во прекин патот Тетово – Јажинце преку Порој

Објавено пред

Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се користи патот низ село Порој. 
 

dobivaj vesti na viber

Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г. Орашје и Нераште. Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози./крај/со/бб

Македонија

ЗНМ ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година

Објавено пред

Од

Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации. Жири-комисијата, составена од Владимир Арсовски, Боро Арсовски и Роберт Коцев, ги селектираше најдобрите три фотографии.

Првата награда беше доделена на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ за фотографијата „Татко – Кочани“.

Втората награда ја доби фотографијата „Канадер – Охридско Езеро” од фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева.

Третата награда ја поделија фоторепортерите Ѓорѓи Личовски зафотографијата  „Ловец на Персиди“ и Роберт Атанасовски за фотографијата „Женски водици“.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски истакна дека во време кога медиумските работници се соочуваат со сериозни предизвици, важно е гласно да се поддржат оние што со својот објектив ја забележуваат вистината.

„Тоа е посебната улога на фоторепортерите – да бидат и сведоци и хроничари на времето, да ни ги пренесат моментите на радост и надеж, но и моментите на тага, кои понекогаш не можеме да ги изразиме со зборови.“ рече Чадиковски.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај и сите заинтересирани ќе имаат можност да погледнат во просториите на Музејот на град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Објавено пред

Од

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што се одржа под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Македонската академија на науките и уметностите.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето, министерот Љутков истакна дека македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии.

„Македонскиот јазик низ историјата го помина своето длабоко страдалништво. Распнат меѓу забрани и негирања, меѓу туѓи азбуки и премолчени идентитети, тој беше тивко присутен, но секогаш жив. Како низ трнлив пат исполнет со предизвици, и македонскиот јазик минуваше низ тешкотии, но никогаш не се покори. И кога беше забрануван и кога беше понижуван и кога се обидуваа да го замолчат, тој во себе ја носеше силата на истрајноста и обновата“, рече Љутков.

Љутков потсети дека во мај 1945 година, македонскиот јазик конечно стана слободен, признат, кодифициран. Добивме јазик, додаде тој, со свое име, со своја граматика, со свој правопис и затоа сме должни да го говориме, да го чуваме, да го негуваме, да го пренесуваме со љубов и знаење. Затоа, додаде тој, во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам.

„И таа грижа не е декларативна. Таа е институционална, одговорна и долгорочна“, рече министерот.

„Со јасна заложба на македонската Влада и Министерството за култура и туризам, востановуваме Инспекторат за правилна употреба на македонскиот јазик – институција создадена да укажува, едуцира, советува и да го потсетува општеството дека јазикот е нашето заедничко скапоцено богатство и наш врвен национален приоритет“, рече Љутков.

Министерот истакна дека во овие осум децении, македонскиот јазик стана медиум на литературата, науката, театарот, филмот, музиката, образованието каде што секоја нова генерација внесува нов ритам, ново дишење, нова слика. „Затоа треба да му пристапуваме на македонскиот јазик со љубов, со знаење, со грижа. Да го говориме правилно, да го пишуваме точно, да го учиме со радост и да го живееме со достоинство“, истакна Љутков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Консултативна дебата на Собранието и на УНИЦЕФ за унапредување на правата на децата

Објавено пред

Од

Собранието на Северна Македонија заедно со УНИЦЕФ денес одржа консултативна дебата за состојбата на децата и адолесцентите во земјата. Оваа средба е прва од серијата што беше договорена со Собранието за понатамошно унапредување на агендата за правата на децата.

dobivaj vesti na viber

“Еднаквиот пристап до образование, поголемата грижа за здравствените политики и заштитата од насилство и дискриминација треба да бидат наши приоритети. Како претседател на Собранието, секогаш ќе бидам поддршка на секоја иницијатива што придонесува во оваа насока. Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка и зголемувањето на инвестициите се од клучно значење за овозможување инклузија на секое дете, без разлика на предизвиците со кои се соочува. Ова е наша колективна и човечка одговорност и задача,“ рече Африм Гаши, претседател на Собранието.

„Уверена сум дека заедно ќе продолжиме да напредуваме во остварувањето на правата на децата – преку донесување закони и буџети, обезбедување надзор над нивното спроведување и, најважно, преку нашето колективно лидерство и посветеност. Инвестирањето во правата на децата не смее да се гледа како трошок – туку како инвестиција во децата денес и иднината на Северна Македонија утре“, рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.

Таа истакна дека работата на УНИЦЕФ со Собранието тука и низ целиот свет покажа дека правата и благосостојбата на децата ги обединуваат сите чинители, без оглед на нивната припадност на одредена политичка партија. „Парламентарците можат да станат важни застапници на правата на децата и оттаму тие имаат единствена можност да поттикнат поинклузивно, праведно и просперитетно општество за сите.“

Основа за денешната дискусија беше Анализата на состојбата на децата и адолесцентите во Северна Македонија, која беше спроведена со поддршка од УНИЦЕФ во 2024 година, за да се разгледа напредокот на земјата кон остварување на правата на децата и постигнување на Целите за одржлив развој и притоа ниедно дете да не биде запоставено.

Извештајот истакнува дека и покрај добриот напредок постигнат во некои области на правата на децата, особено во намалувањето на смртноста кај доенчињата и децата, напредокот во други области е во застој, па дури и се уназадува. Високите стапки на детска сиромаштија, лошите резултати во учењето и широката употреба на насилна дисциплина дома се постојани предизвици. Во исто време, се појавија нови проблеми, вклучувајќи го загадувањето на воздухот и други опасности од животната средина, менталното здравје на децата и адолесцентите и растечкото онлајн насилство и говорот на омраза.

Учесниците се вклучија во дискусија за напредокот што земјата го постигна во унапредувањето на правата на децата од ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето во 1993 година до денес, како и во дискусија за клучните области кои бараат континуирани напори, како што е нагласено во Заклучните забелешки за Северна Македонија на Комитетот за правата на детето на Обединетите нации. Овие препораки опфаќаат мерки во областите на координација, недискриминација, насилство врз децата, деца со попреченост, здравствените и образовните услуги.

На крајот од консултативната дебата, учесниците се согласија да организираат дополнителни брифинзи со надлежните собраниски комисии за да разговараат за областите за понатамошно усогласување на националното законодавство со одредбите од Конвенцијата за правата на детето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија3 часа

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија3 часа

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ3 часа

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија5 часа

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија6 часа

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија6 часа

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...

Европа7 часа

Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на...

Европа7 часа

(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озгур Озел, кој ја...

Свет9 часа

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на...

Регион9 часа

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по...

Македонија9 часа

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот...

Македонија20 часа

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...

Свет20 часа

Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако...

Македонија23 часа

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот...

Регион1 ден

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на...

Македонија1 ден

АХВ казни 14 месарници кои продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на...

Македонија1 ден

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ2 дена

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...