Македонија
Седници на комисиите за здравство и за транспорт, врски и екологија
Предлог – законот за изменување на Законот за здравствена заштита, по скратена постапка и во второ читање предвидено е во понеделник да се најде на дневен ред пред членовите на Комисијата за Здравство која за понеделник има закажано седница во Собранието на Република Македонија.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка во второ читање.
На дневен ред на седницата на оваа комисија ќе се најде и Годишниот извештај за реализација на програмата за работа на Агенцијата за цивилно воздугопловство на Република Македонија за 2013 година./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата со автобусот на „Беса транс“
Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) сносува делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021 година, кога животот го загубија 45 македонски државјани.
Окружниот суд во Перник пресуди дека АПИ е одговорна за 10 отсто од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите да им плати по 20.000 лева како надомест за нематеријална штета. Се признаваат околностите и дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат, бидејќи делницата беше пуштена за сообраќај во 2007 година во фаза на акт 15.
Во судската одлука се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата од 120 километри, додека при проектирањето на експресниот пат не биле испочитувани геометриските карактеристики.
„Проектираниот попречен наклон на кривината одговара на брзина од 90 километри на час, но нема поставено патна ознака Б26/90 километри на потребните места за ограничување на брзината“, се вели во одлуката на судот.
Македонија
Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија
Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов напиша дека претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани и нема ништо пологично и понормално од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал.
Тој вели дека иста е ситуацијата и со Македонија.
„Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години. Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија,“, напиша Костадинов.
„Преродба“ на Костадинов на претходните избори стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент.
Македонија
Герасимовски: Очекуваме во март дечињата да бидат згрижени во новата градинка „Пролет“
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека во месец март очекува дечињата од населбите Пролет и Маџир маало да бидат згрижени во новата градинка Пролет која е прва изградена градинка по пет децении на територија на општината.
„Во март годинава, се надевам децата од Центар да бидат згрижени во оваа предучилишна установа која е изградена по највисоки светски стандарди. Изградбата е комплетно завршена, а на крајот на 2024-та година беше направен и технички прием. Иако во Центар немаме листи на чекање за упис на дечиња во градинките, ќе им го олесниме секојдневието на родителите од населбите Пролет и Маџир маало кои своите деца ги носат во градинките во другите населби“, вели Герасимовски.
Новата градинка Пролет е енергетски ефикасна, која ќе обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Во градинката поставен е лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, како и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Градинката има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.