Македонија
Сексуалната експлоатација и присилните бракови најзастапени од областа на трговијата со луѓе
Сексуалната експлоатација, присилните бракови и трудовата експлоатација се најзастапени кривични дела од областа на трговијата со луѓе, покажуваат аналитичките опсервации на Министерството за внатрешни работи.
За изминатите 11 месеци идентификувани се вкупно осум жртви на трговија со луѓе, шест малолетни и две полнолетни лица, а меѓу нив има едно лице од машки пол. Сите се наши државјани, само една од жртвите е странска државјанка која добила дозвола за привремен престој во земјава.Пет од жртвите се експлоатирани во скопскиот, една во пелагонискиот регион, додека две наши малолетни државјанки се експлоатирани во странство, Словенија и Италија. Во Центарот за жртви на трговија со луѓе во моментов сместени се шест жртви на трговија кои имаат добиено првична помош и заштита.Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на отворањето на денешната Национална конференција за проактивна и координирана борба против трговијата со луѓе со фокус на трудовата експлоатација што се одржува во скопскиот хотел “Стоун Бриџ“.„Во тој смисол само ќе нотирам дека во текот на оваа година (за изминатите 11 месеци) до ОЈО за организиран криминал и корупција, поднесени се три кривични пријави по член 418-а „Трговија со луѓе“ и 418-г „Трговија со дете“, при што пријавени беа четворица сторители, од кои едно лице е од женски пол“, изјави Јанкулоска.Министерката Јанкулоска потенцираше дека во изминатиот период МВР континуирано превзема мерки и се справува со кривичните дела од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција, при што со тие активности, како и со партнерската соработка со задолжените министерства, со меѓународните институции и асоцијации како и со граѓанските здруженија направено е многу на полето на сузбивањето на овој вид организиран криминалитет.За квалитетот и ефикасноста на тие активности, според Јанкулоска, најдобра потврда е фактот што во годишните извештаи подготвени од страна на американскиот Стејт Департмент Република Македонија по четврти пат по ред е рангирана во ТИЕР-1 групата на земји кои ги исполнуваат потребните услови за успешна борба против трговијата со луѓе./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

