Македонија
Утре посебен режим на сообраќај во општина Аеродром
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, в недела на 26.03.2023, со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.
По потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул. „Србија“ со бул. „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“, се вели во соопштението.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кина ги укина визите за македонските граѓани
Кина објави дека ќе го прошири безвизниот влез во уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да го поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.
Почнувајќи од 30 ноември, патниците од Северна Mакедонија, Бугарија, Романија, Малта, Хрватска, Црна Гора, Естонија, Латвија и Јапонија ќе можат да влезат во Кина до 30 дена без виза, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, јавува „АП“.
Со тоа, бројот на земји на кои им е одобрен безвизен пристап од минатата година ќе се искачи на 38.
Се чини дека додавањето на Јапонија ја одразува недамнешната подготвеност на Кина да ги подобри врските, кои делумно се влошија поради пожестоките разговори од Токио за тајванското прашање. Двете земји постигнаа договор во септември во нивниот спор околу испуштањето во морето на пречистената, но сепак радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима.
За трите месеци од јули до септември оваа година, Кина забележала 8,2 милиони влезови од странци, од кои 4,9 милиони биле без визи, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи конзуларен претставник на Министерството за надворешни работи.
Македонија
Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за Град на културата за 2025 година
Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.
На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во РС Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.
Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 22.11.2024 г. во 14:00 часот, заклучно со 22.12.2024 г. во 14:00 часот.
Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.
Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.
„Град на културата“ во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентираше богата програма и издржан програмски концепт, со различни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.
Македонија
За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните
Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да им остават простор на пацинетите на кои им е потребен и да се намалат листите на чекање, порача денес заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски.
Како пример посочи дека во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не се појавиле ниту пак, известиле дека нема да може да дојдат.
Заменик-министерот направи споредба со некои држави во кои ако двапати ако се откаже терминот, следува глоба или губење на можноста пациент да закаже редовен термин за одреден временски период. Сепак, Андоновски, не гледа засега на тоа како можно решение кај нас, туку се надева дека преку ваквите апели ќе може да се поправи состојбата.