Македонија
Шилегов: Дуќанџиите се жалат на големи казни
Дуќанџиите од Гостивар се жалат на преголемите казни, па затоа со нив во четврток поразговара Петре Шилегов, носител на кандидатската листа во И.Е. 6, и портпарол на СДСМ и им го објасни планот, прво да се достави опомена, аи казните да се намалат на поливина.
„Поразговаравме со дуќанџиите и сите се жалат на една иста работа, драконските големи казни. Ги образложивме нашите ставови околу тие казни, немањето на казна на првата опомена, и преполувањето на казните се ветувања коишто ги прави Социјалдемократскиот сојуз. Со луѓето разговараме за нивните секојдневни маки, тие маки се од таков тип и карактер што нивната концентрација е кон барање на нови работни места и зголемување на постојните плати“, рече Петре Шилегов, носител на кандидатската листа во И.Е. 6, и портпарол на СДСМ.
Тој појасни дека во текот на четири годишниот мандат ќе продуктираат 64 илјади нови работни места и ќе ја зголемат платата.
„Нашата крајна цел е да го направиме животот во Македонија подобар, подостоинствен на начин што луѓето ќе ги почувствуваат благодетите на нашата економска програма на начин што луѓето ќе престанат да се делат по секој основ од економски, политички, па до меѓунационален со крајна цел да ги задржиме младите во Република Македонија“, рече Шилегов.
Тој смета дека бројката од 30.000 ученици кои од 2006 до денеска се намалиле во овој крај, е показател дека тие се отселиле од државата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

