Македонија
Шилегов: Зад нас е пустошот на Груевски, ќе се гласа за живот

Многу стопанственици едвај врзуваат крај со крај, а на овие избори ќе се гласа за живот во Македонија, порача Петре Шилегов, носител на кандидатска листа на СДСМ во 6 изборна единица, во понеделник од Тетово.
„Позади нас е пустошот од владеењето на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во изминативе 10 години. Денеска во Тетово сме во посета на многу стопанственици и стопански објекти, којшто едвај врзуваат крај со крај заради неодговорното и криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ. Разговараме со управителите, разговараме со стопанстевниците, разговараме со работниците, сите тие сакаат поубав живот“, рече Шилегов.
Додаде дека на овие избори за 5-6 дена од сега нема да се гласа за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ, туку ќе се гласа за живот во Македонија.
„Ги повикуваме сите тетовчани, сите граѓани од изборна единица 6, изберете го животот во Македонија, да ставиме крај на криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Македонија заслужува живот, во Македонија го раѓаме животот. Нудиме помош за секој којшто му е потребна, нудиме помош за секоја стопанска фирма за да не ни се случува пустошот којшто е позади мене“, додаде Шилегов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.