Македонија
Сијарто: Ако има прилив на бегалци, Македонија е прва земја на која ќе се потпреме

Европската унија лани очекуваше земја што не е нејзина членка да ја обезбеди шенген зоната од бегалци, што беше нелогично, а воедно и неприфатливо, порача унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со неговиот домаќин и колега Никола Попоски, во петок во Скопје.
„Во ЕУ лани имаше нелогична ситуација. Кога се очекуваше од земја која не е членка на ЕУ да ја обезбеди шенген зоната од бегалци кои што влегуваат во ЕУ доаѓајќи од земја членка на Унијата, а потоа минуваат низ земји кои не се членки на ЕУ, а од друга страна ЕУ не е подготвена да почне преговори за членство со Македонија. Тоа едноставно е неприфатливо“, рече Сијарто.
Тој смета дека Македонија веќе долго време требаше да биде член на НАТО, а преговорите за членство во ЕУ требаше да бидат започнати уште пред повеќе години, за тоа што Македонија, дава значаен придонес во однос на активностите на НАТО, и е една од најзначајните земји учеснички кои не се членки на НАТО и Алијансата треба многу повеќе да го почитува тоа и да го зема предвид.
„Забавно е да се каже Македонија по професија е кандидат, но Македонија пред се е земја која мора да ја почитуваме заедно со македонскиот народ и неговите постигнувања во овој поглед. Затоа како Унгарци ќе инсистираме на почнување на преговорите за членство со ЕУ што е можно поскоро. Знаеме дека има една соседна земја која што сигурно ќе стави вето. Сметам дека билатераните прашања секако треба да се надминат, но не сметам дека тие се соодветен аргумент за да се искористи да се блокира почетокот на преговорите за членство. Затоа бараме од сите пријатели да не стават вето за почеток на преговорите на Македонија“, рече Сијарто.
Во однос на миграциската криза, тој истакна дека дека само делумно е точно тоа дека приливот на мигрантите во Европа е запрен благодарение на договорот меѓу ЕУ и Турција, но вели тоа не е целосната вистина.
„Другиот дел од вистината е дека приливот на бегалци се намали затоа што земјите од Западен Балкан донесоа одлука да ги контролиртаат сопствените граници и да сторат нешто… Во моментот ние се потпираме врз Македонија, затоа што ако почне прилив на бегалци Македонија е првата земја на југот на која што можеме да се потпреме дека ќе ја заштити својата граница“, рече Сијарто.
Тој најави дека ќе продолжи унгарската поддршка со полициски службеници во однос на обезбедувањето на јужната граница.
За посетата на Македонија за време на изборна кампања Сијарто рече дека не е спорна бидејќи е вообичаена поддршката на сестринска партија, а слична посета имал и во Србија. Тој најави дека вечер ќе биде и гостин на митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е грев да се има добри односи со министер за надворешни работи. Една од целите е да остварите добри односи со вашите колеги. Унгарија е тука за да ви даде поддршка“, рече Сијарто.
Министерот Попоски, пак, посочи дека главниот успех кој може да се мери за секој политичар, министер, член на Влада е токму содавњето пријатели.
„Ние немаме зијан од повеќе пријатели, имаме зијан од недостаток на пријатели кога треба да се носат одлуки. Сијарто и Курц се мои добри пријатели, Митов и Коѕиас ми се пријатели и со сите нив се обидувам да ја отстранат пречката на патот на Македонија во ЕУ. Тоа го гледам како мисија која мора да ја остварам“, рече Попоски.
На средбата Попоски – Сијарто станало збор и за унпаредување на економската соработка, а најавено е отворање и дирекна авионска линија Скопје – Будимпешта во текот на април следната година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.