Контакт

Македонија

СЈО бара мерка за претпазливост за Груевски, притвор за Талески и за началникот на УБК

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство ги прими одлуките на Претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и продолжува со постапките кои ги отвори пред да биде донесена аболицијата, а во кои како првоосомничени се јауваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството испратија соопштение до јавноста во кое прецизираат кој случај до каде е и какви мерки бараат. Се бараат мерки за претпазливост за поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски.Од случаите кои се под надлежност на Специјалното јавно обвинителство, единствено за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почна судски процес којшто беше запрен со донесувањето на одлуката за аболиција. Сега СЈО бара Апелациониот суд да го укине решението на Основниот суд Скопје 1 за да продолжи кривичната постапка за овој предмет. Продолжува и првиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, за злоупотреба на изборите во којшто се осомничени се поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески. Иако СЈО бараше притвор за нив, Судијата на претходна постпака не им одреди мерки за обезбедување на осомничените.Обвинителствотопак бара мерки за претпазливост против шестмината осомничени во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски. За првоосомничениот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков нема барање за притвор исто како и претходно, бидејќи Обвинителството смета дека не постои опасност од бегство и нему не му беше одземена ниту патната исправа. Во овој случај осомничен е и актуелниот командир на „Алфите“, Ивица Антевски Пуки, кој учествуваше во апсењето на Бошкоски. Притвор како и претходно се бара и за началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски за предметот под име „Тврдина“ кој се однесува на незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите, поточно два технички системи. И покрај тоа што опремата не била технички застарена и била функционална, била уништена. За останатите четворица осомничени во овој случај, меѓу кои и Јанкулоска, има поднесено предлог за определување на мерки за претпазливост. Истражна постпака ќе биде спроведена и против градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за случајот „Транспортер“, односно за малверзации со ученичкиот превоз. За него не беше поведена истражна постпака за овој случај бидејќи при отворањето на овој случај тој беше помилуван од страна на Претседателот. Обвинителството за него поднесе и предлог за определување на притвор, а медиумите објавија дека Талевски денеска бил донесен на распит во Скопје, но не е познато во која институција. Единствено од Основниот суд Скопје 1 тврдат дека Талевски не е донесен на распит во судот.  „По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано“, соопштуваат од СЈО.Обвинителството поднело предлози за определувањње на мерка за претпалзивост против првите тројца осомничени во случајот „ТНТ“, однсоно за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Груевски, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и и за градончалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.За нив е отворена истражна постпака за незаконско рушење на станбено деловниот објект „Космос, во сопственост на бизнименот, Фијат Цановски, кое, според СЈО, било направено заради политичка одмазда. Обвинителството претходно не ги гонеше поради одлуката за аболиција која беше на сила кога беше отворен и овој случај.„Во делот на видовите на мерки кои се предложени од страна на ова Јавно обвинителство, до Основниот суд Скопје се поднесени соодветни предлози за определување на мерки, кои за секој конкретен случај се различни“, се вели во соопштението./крај/мф/ффс

Македонија

СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.

Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.

ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

Објавено пред

СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.

„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.

Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.

„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.

Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за...

Свет44 минути

(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток....

Македонија56 минути

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија1 час

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет2 часа

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет2 часа

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет2 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија14 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија14 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија21 час

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија21 час

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија21 час

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија22 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија22 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија22 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија1 ден

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија1 ден

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...