Македонија
СЈО: Не се води предистражна постапка против јавниот обвинител Милошевски

Специјалното јавно обвинителство демантира дека се води предистражна постапка против јавниот обвинител Владимир Милошевски, кој работи на случајот „Поткуп“ во кој обвинет е Зоран Заев, лидерот на СДСМ.
Оттаму наведуваат дека примиле кривична пријава од СДСМ против обвинителот Милошевски и други непознати лица, за која е оформен предмет во ова јавно обвинителство.
„Предистражната постапка по овој предмет не се води против конкретно лице, туку се води како настан во рамки на кој се испитуваат евентуални кривично правни аспекти поврзани со наводите во кривичната пријава“, се вели во демантот на СЈО.
Адвокатскиот тим на Зоран Заев, на судењето за случајот наречен „Поткуп”, побараа јавниот обвинител Владимир Милошевски, од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде изземен од натамошно постапување поради тоа што за него Специјалното јавно обвинителство водело повеќе истражни постапки и за повеќе кривични дела, но судот го одби барањето./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мециновиќ: Не планирам да водам деструктивна политика, ќе соработувам со сите советнички групи

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг обвини дека Левица е неправедно исклучена од медиумскиот простор, откако АВМУ не ѝ дозволи политичко рекламирање.
Според него, со тоа, нанесен е удар врз демократијата, но најавува позитивна и проактивна кампања, иако, како што рече, условите не се рамноправни.
„Јас не сум најпаметен, ниту најдобар од сите скопјани“, рече тој. „Но знам дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот глас нешто значи. Локалната политика е нашето секојдневие: улиците, воздухот, јавниот превоз, зеленилото. Тие работи не смеат да зависат од партиски договори“.
Тој порача дека нема да води деструктивна политика и ќе соработува со сите советнички групи. Нагласи и дека проблемите во претходниот мандат произлегле од партиски суети и лични конфликти. Ги повика и разочараните граѓани да излезат на гласање:
„Овојпат изборот е реален – старите партии веќе не се најголемиот фактор.“
На крај, му порача на својот противкандидат: „Подготвен сум на дебата, па и на јавен дуел под отворено небо. Нека народот нè слушне и избере.“
Македонија
Продолжен притворот на Нино Васев за уште 30 дена

Кривичниот суд во Скопје донесе одлука за продолжување на притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за дополнителни 30 дена.
Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, најави дека ќе поднесе жалба на решението, оценувајќи дека голем дел од сведоците кои се повикуваат на судењето се непотребни, бидејќи предметот, како што рече, треба да се темели на стручни вештачења.
Спирковски изјави дека одбраната доставила нови докази кои, според него, ја побиваат потребата од притвор, додавајќи дека обвинението е неправилно проширено со дела како „измама“ и „проневера“, со цел да се добие повисока казна.
Македонија
Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен.
Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и дека секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура.
„Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, изјави Меџити.
Тој нагласи дека на овој начин се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, поставувајќи го Чаир на патот на урбана трансформација и одржлив развој. Според него, граѓаните веќе одблиску ги гледаат првите резултати од едно владеење засновано на визија, посветеност и транспарентност.