Македонија
СЈО: Никој не може да биде аболициран ако украл пари
По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболицира политичарите коишто ги гони Специјалното јавно обвинителство, обвинителите најавуваат дека ниту едно лице не може да се аболицира ако украл пари од државата, а поред податоците на Обвинителството во периодот од 2008 до 2015 година голам сума на пари од буџетот се одлеале во приватни џебови.
„Ниту едно лице не може да се аболицира ако преку криминалот остварил имотна корист. Едно е тоа што многу лица се аболицирани од кривичната одговорност, но што е со тоа што го украле од државата? Затоа во иднина ќе предложиме мерки против имотите на осомничените“, изјави на прес конференцијата обвинителката Ленче Ристовска.Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, порача дека Иванов ќе има многу работа доколку има намера сите да ги аболицира.„Никој не може да задржи или спречи законската должност за надомест на прибавената корист од кривични дела. Одлука за конфискација се носи и кога има пречки за водење на постапка. И во случај на аболиција, должност на СЈО е да прибави докази за нелегално стекнат имот кој треба да е конфискуван. Незаконски стекнатите пари мора да се вратат во Буџетот. Финансиски истраги се водат интензивно. Од 2008-2015 година големи суми пари од Буџетот се одлеале во приватни џебови“, рече Јанева.СЈО не било консултирано, ниту дало податоци за лица за кои се водат истражни и предистражни постапки за кои претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за аболирање.Таа истакна дека се работи за многубројни одлуки и потребна е анализа со цел да утврдат колкав обем информации со кои Претседателот располага биле јавно објавени, а колку се доверливи.„Досега сме ја информирале јавноста дека предистражната постапка е тајна и таа налага доверливост. Ние не можеме да ја коментираме листата на лица кои Претседателот ги аболирал, туку само оние кои јавно сме ги објавиле дека се води постапка, но не и за оние кои се во предистражна. Анализата е во тек и кога ќе собереме доволно докази за тоа од каде доаѓаат и се објавени вакви доверливи информации и ако утврдиме, ќе презмеме постапка за лицата да сносат соодветна одговорност. Уште ги разгледуваме одлуките на Претседателот од апсект дали имаат солидна основа за законски спроведена постапка“, рече Ристовска.Во име на јавните обвинители од СЈО кои се најдоа на листата на Иванов на аболирани, Ристовска рече дека тие не ја прифаќаат./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

