Македонија
СЈО подигна дел од податоците од УБК
Обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство (СJO) во петокот попладнето ја напуштија Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), откако обезбедија дел од податоците и документите за кои во оваа иснтитуција влегоа во средата.
Во официјалното соопшти на СЈО се посочува дека одземени се сите наредби за „Посебни истражни мерки“ (ПИМ) за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Се додава дека останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и оти очекуваат во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите, со што СЈО ќе ги комплетира сите информации кои им се потребни за да истражат кој прислушувал и кој бил прислушуван.
Службениците на СЈО пред два дена влегоа во УБК со налог од Кривичниот суд и ги побара сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК и кои се прислушувале во период од 2008 до 2015 година.
Според специјалната обвинителка Ленче Ристоска добиени книгите во кои се евидентирани сите издадени ПИМ мерки заедно со компјутерските податоци. Исходот следува откако претходно истражителите и обвинителите од СЈО во средата попладне влегоа во УБК со судски налог. Едниот, за обезбедување на службена документација, што се однесува на издадените ПИМ мерки заедно со книгите за евиденција и вториот, за одземање на компјутерески податоци. Од СЈО сега велат дека ќе обезбедат експерт којшто ќе ги преземе податоците. Во мегувреме, двајцата техничари од УБК кои единствено имаа пристап до податоците се вратија во земјата. Од Специјалното јавно обвинителство на последната прес-конференицја во четвртокот соопштија дека центарот на нивниот интерес се телефонски разговори што се снимани со „Посебни истражни мерки“ во периодот од 2008 до 2015 година. Тие се суштински за да може да се открие кој прислушувал и зошто./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

