Македонија
СЈО покрена нова постапка за превозот на учениците во Битола
Специјалното јавно обинителство, во среда, објави дека покрена нова постапка, овојпат, како што рекоа, не за државните функционери, туку за локалните моќници, за „најскапиот превоз на ученици“, кој го платил градот на конзулите, Битола.
Катица Јанева, специјалната обвинителка, на почетокот на прес-конференцијата рече дека и покрај помилувањрто од претседателот Ѓорге Иванов, за сите политичари, обвинителството ќе работи според законот за СЈО, односно за случаите што произлегуваат од незаконското следење на комиуникациите.Обвинителката Фатиме Фетаи го објасни случајот кој денеска го објавија, и рече дека овој предмет беше преземен од ОЈО Битола кој ја почна предистражната постапка и имало вешт наод од општината за јавните набавки, а токму врз основа на нив ова обвинителство стекнало основано сомнение дека штетни финансиски последици во овој случај се направени врз буџетот на Македонија, а со тоа и врз сите граѓани.Во договор со директорите на средните и основните училишта во Битола, како „Јован Калаузи“, „Таки Даскало“, „Кузман Шапкарев“ и други, и превозниците Херо турс, Транскоп Битола, Џем турс, Боби турс, Хера транс, Лука транс и други, направена е вкупна штета 22.240.891 денари или околу 360.000 евра за само две учебни години.„Ова е износ од големи размери затоа што е поголем од 250 просечни плати во време на извршувањето на делото“, појасни Фетаи.Таа додаде дека се направени 81 дејствие спротивни на Закон за јавни набавки, Закон за основно образование, Закон за средно образование, во кои се вмешани повеќе лица, а две лица се константни ученици во сите дела а тоа се, како што рече Фетаи, помилуваниот градоначалник на Битола и претседателот на Комисијата за јавни набавки кое има книговодствено биро кое води книговодство на дел од превозниците.Појасни дека се изработувале фактури со суми многу повисоки од договорените, а тие биле одобрени од директорите на училиштата. Наплатата била направена во 2012 до 2014 најчесто преку цесии оти им биле блокирани сметките поради неплатен превоз.Фетаи појасни дека за дел од учесниците во злоупотребата на службената положба ќе побараат притвор, а за дел процена на имотот на учесниците, а од тоа не може да биде аболиран ни градоначалникот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

