Македонија
СЈО повторно ќе ги достави доказите во Основниот суд Скопје 1 Скопје
Специјалното јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 Скопје, кои претходно во четвртокот беа вратени од Судот, објави во сопштениет обвинителството формриано за случаите кои прозилегуваат од нелегално прислушуваните телефонски разговори познато по кратенката СЈО.
Во писмениот допис доставен до Судот било укажано на „непостоење на законски пречки судската служба да евидентира и прима класифицирани информации и на законските обврски секој орган кој работи со класифицирани информации да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со класифицирани информации“, се вели во писмениот одговор од СЈО во врска со повеќе прашања кои беа упатени од медиумите за наш став и коментари во врска со поднесените обвиненија до Основниот суд Скопје 1 Скопје, Ве известуваме следното:
„Во дописот е појаснето и дека во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите поради фактот што со декласификација предложените докази би добиле третман на информација до која се има слободен пристап, со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици“, се истакнува во дописот до медиумите..
Воедно, информираат натаму од СЈО, во текот на денот од претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје биле побарани официјални податоци кои судии се определени да постапуваат во судските предмети оформени по повод поднесените обвинителни предлози на ова Јавно обвинителство, бидејќи не биле официјално информирани кои судии постапуваат по овие обвинителни предлози.
„Сепак, со оглед на фактот што од дописот доставен до ова Јавно обвинителство со кој се вратени доказите произлегува името на судијата кој постапува по предметот, Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден ќе биде поднесено и барање за изземање на судијата од постапување по конкретниот предмет“, се заклучува во дописот.
Претходно во четвротокот беше објавено дека Судот го вратил обвинителниот предлог против лицата за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ затоа што во доказите не постоел акт за декласификација.
Од таму информираа дека во дописот од СЈО се наведува дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот.
Покрај обвинителниот предлог за седумте осомничени, службени лица од УБК, за кривичното дело фалсификување на службена исправа, СЈО поднесе уште еден обвинителен предлог до Кривичниот суд што се однесува на случувањата во Општина центар во кој се опфатени 14 лица осомничени за насилство./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

