Македонија
Скопјани во паника по серијата земјотреси, од становите се преселија во парковите
Серијата силни земјотреси што во недела го погодија скопскиот регион, ги натера скопјани панично да ги напуштат своите домови и привремено да се засолнат во блиските паркови.
По првиот утрински земјотрес, што се случи нешто пред седум часот, граѓаните истрчаа веднаш во дворовите и парковите, но подоцна се вратија дома бидејќи во некои делови на градот започна да врне ситен дожд.Вториот силен земјотрес што се случи попладнево, внесе дополнителна вознемиреност кај скопјани, па сега речиси низ целиот град парковите околу зградите се преполни со луѓе, со мали деца, изнемоштени и стари лица, кои ги напуштија повисоките катови на зградите и сега немаат смелост да се вратат.Кај некои објекти се вклучија и алармите, што дополнително ја зголеми загриженоста.„Сега за сега ќе останам во паркот, не можам да се смирам од утрово“, вели една скопјанка, која додава дека нишањето на зградата било интензивно.Заради земјотресот, беа оптоварени и телефонските врски, па потешко се добиваше конекција, бидејќи луѓето постојано се јавуваат до своите блиски за да прашаат како се. Засега нема информации дали има некакви оштетувања на објектите низ градот. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

