Скопје
Асфалтирање седум нови улици во Стопански Двор во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров денеска стартуваше со асфалтирање на улицата 52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата конечно добива нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина.
Како локална единица, Општина Ѓорче Петров досега самостојно реконструираше над 60-тина улици во општината со што значително се подобри инфраструктурата.
„Пружената рака со граѓаните е наша заложба дека ќе го решиме нивниот проблем. Никогаш не ветувам ако не можам да остварам, и никогаш не отстапувам ако ветам. Денеска на мое задоволство остваривме уште едно ветување за кое долги години се бараше решение, проблем кој се провлекуваше со години и никој сериозно не се заложи да им го реши на граѓаните на ул.52 во Стопански Двор“, рече градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој истовремено најави и нова градежна офанзива во сите делови на Ѓорче Петров.
„Ве уверувам дека лошата патна инфраструктура во нашата општина ќе биде минато“, подвлече Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)