Македонија
Без струја неколку скопски општини
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 8:00 до 15:30 часот, корисниците на дел ул. Ѓорѓи Сугаре 16, ул. Михаил Чеков број 4 и 9 (општина Кисела Вода)
во периодот од 12:00 до 14:00 часот, корисниците на ул. Евлија Челебрија 1, Детски театар Центар (општина Чаир)
во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците на дел ул. Јустинијан Први, КАМ маркет, дисконт „Гиго трејд“ и околните објекти до автобуската станица во близина ( општина Кисела Вода ) како и корисниците од ул. Леринска, објектите со број 62А, 62Б, 64А, 64Б, 66А и 66Б (општина Карпош )
во периодот од 9:00 до 11:00 часот, корисниците на ул. Самоилова 94, Фонд.центар за исламска цивилизација општина Чаир )
во периодот од 9:45 до 13:30 часот, корисниците на дел ул.Козле околу броевите 107 до број 122, ул.Козле под улица 2 и околните улици (општина Карпош)
во периодот од 10:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од с. Горно Соње напојуван од ТС Соње Коштан 8 (општина Сопиште)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

