Контакт

Македонија

Без струја неколку скопски општини

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 8:00 до 15:30 часот, корисниците на дел ул. Ѓорѓи Сугаре 16, ул. Михаил Чеков број 4 и 9 (општина Кисела Вода)

во периодот од 12:00 до 14:00 часот, корисниците на ул. Евлија Челебрија 1, Детски театар Центар (општина Чаир)

во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците на дел ул. Јустинијан Први, КАМ маркет, дисконт „Гиго трејд“ и околните објекти до автобуската станица во близина ( општина Кисела Вода ) како и корисниците од ул. Леринска, објектите со број 62А, 62Б, 64А, 64Б, 66А и 66Б (општина Карпош )

во периодот од 9:00 до 11:00 часот, корисниците на ул. Самоилова 94, Фонд.центар за исламска цивилизација  општина Чаир )

во периодот од 9:45 до 13:30 часот, корисниците на дел ул.Козле околу броевите 107 до број 122, ул.Козле под улица 2 и околните улици (општина Карпош)

во периодот од 10:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од с. Горно Соње напојуван од ТС Соње Коштан 8 (општина Сопиште)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев – Варвициотис: Пријателството со Грција има силно регионално значење

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска го прими алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтијадис Варвициотис, кој е во работна посета на нашата земја.

„На средбата како посебно важни беа истакнати проектите во енергетиката како стратешка и приоритетна дејност за двете земји за што сведочат веќе потврдените проекти за соработка и за заеднички инвестиции, кои имаат и силно регионално значење и потенцијал. За време на разговорот, од двете страни беше потенцирано задоволството што го нагласуваат инвеститорите од Грција за соработката со Владата на Северна Македонија, која, како што беше посочено, е дополнителен мотив и испраќа силна порака дека бизнис-заедницата на Хеленската Република има пријателска средина за инвестиции во нашата земја“, соопштија од Владата.

На средбата било потврдено дека од исклучителен заеднички интерес и стратешка цел на двете земји е Северна Македонија колку што може побргу да ги почне пристапните преговори со ЕУ и дека Грција во таа насока ќе продолжи со силната поддршка.

„Премиерот Заев истакна дека за Република Северна Македонија напредокот во интеграцијата во ЕУ првенствено треба да зависи од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања, и дека во таа насока земјата има постигнато огромен напредок во усогласувањето на домашната легислатива со онаа на ЕУ како резултат на интензивниот процес на реформи и за европеизација на сите сегменти на општеството“, се наведува во соопштението.

Заев повторил дека е отворена поканата премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, да ја посети нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска: Во првите 82 дена во Скопје ќе спроведам 15 проекти

Објавено пред

Во првите 82 дена од мојот мандат, преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акциски план, ќе ги исчистиме дивите депонии во градот. Ќе го промениме линискиот ред на градскиот сообраќај, при што ќе се обезбедат помали временски интервали за автобусите и продолжување на линиите до заборавените места, а редовни ноќни линии ќе бидат воведени, ообено за време на викендот, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

Додаде дека следно е отворање телефонска линија за барања и помош на граѓаните, а ќе се формира и зелениот градски совет во соработка со невладиниот сектор.

„Водно преку иницирање предлог-закон ќе биде прогласено за заштитена парк-шума. За граѓаните, ќе биде воведена 24-часовна канцелариска служба и служба за брза реакција на нивен повик. Одбројувачите на секундите и зелените бранови на семафорите во градот ќе бидат вратени во функција. За лицата со попреченост, ќе бидат обезбедени пристапни рампи во сите градски институции. Во соработка со антикорупциска комисија, ќе спроведеме процес на ветинг (проверка) на директорите на јавните институции што се под Градот и на раководителите на секторите. Ќе се ревидира и приспособи процената на данок на имот. Предвидено е и формирање совет за поддршка на жените претприемачи. Цените за паркинзите што се под надлежност на Град Скопје ќе бидат намалени до 25 %. Тимови од Градот ќе направат процена на состојбата со заборавените населби во градот и ќе биде изготвен акциски план за спроведување проекти за овие населби. И ова не е само изборно ветување, ова е моја обврска кон вас“, рече Арсовска.

Таа исто така посочи дека времето за промени е дојдено со оглед на многуте недостатоци и проблеми со кои се соочува Скопје.

„Кога ги гледаме несредените улици, поплавите, дури и во центарот на градот, нефункционалноста или на некои места немањето атмосферска канализација, стотиците диви депонии насекаде во Скопје, недостигот на вода за пиење во делови од градот, знаеме дека време е за промени. Штом младите луѓе не се чувствуваат среќно и не ја гледаат својата перспектива овде, знаеме дека време е за промени. Кога гледате дека ви ги ветуваат истите работи за кои ја добија вашата поддршка пред четири години, а ништо не реализираа и сега повторно истите работи ги ветуваат, време е за промени. И кога во борбата со загадувањето, единствено што направија е отстранување на мерните станици, време е за промени“, истакна Арсовска.

Како независен кандидат, Арсовска рече дека е благодарна за поддршката од партиите ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, Алтернативата и сите други партии, движења, невладини организации, но најмногу од сѐ е благодарна за поддршката од скопјани. Затоа ги повика граѓаните в недела да бидат уште пообединети за една цел – современо и модерно Скопје.

„Ве повикувам сите што сте разочарани од политиката, кои никогаш не сте излегле на гласање, вие што сте изгубиле надеж, што сте гласале за власта што ве разочарала, да се обединиме, да се бориме за модерно Скопје и да ме поддржите мене во оваа битка. На чекор сме до успех за Скопје да не е повеќе политика, туку да биде град со кој ќе се гордееме. В недела вие ќе одлучите за иднината на Скопје“, упати Арсовска порака до сите граѓани на Скопје.

За Арсовска, четири години се доволно време за да се оцени дали некој знае да работи и да го оствари своето предизборно ветување и, според неа, досега скопјани се сведоци само на политиканство, празни ветувања, спотови и нереални 3Д-анимации.

„Ние, граѓаните, заслужуваме модерно, европско Скопје, чист незагаден град и сигурни решенија за нашите проблеми. Слушавме доволно празни ветувања од политичарите, потребни ни се реални проекти, кои ќе го подобрат животот во нашиот град. На нашето Скопје му треба менаџер, а не политичар. Затоа, ве повикувам да гласате за мене, за бројот 82, за да ја направиме разликата уште во првиот круг. Најмногу од сѐ – за да го направиме нашиот град чист, со функционална инфраструктура, Скопје со кое ќе може да се гордееме сите“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Центар ја активира банкарската гаранција за изградбата на шпанските скали

Објавено пред

Општина Центар ја активира банкарска гаранција за изградбата на шпанските скали, со која во општинскиот буџет се вратени 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра.

Во согласност со договорот за отуѓување на земјиштето, склучен на 11.11.2013 година помеѓу Министерството за транспорт и врски и ДТПУ „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ Скопје за изградба на т.н. шпански скали, „Амадеус девелопмент“ бил обврзан да добие одобрение за градење на предвидениот објект од Општина Центар во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, а тој рок истекол на 20.8.2014.

Општина Центар, сепак, на „Амадеус девелопмент“ му издава одобрение за градење, дури на 28.7.2015 година, правосилно на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување.

Во согласност со одобрението, „Амадеус девелопмент“ имал рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021.

Со решение од 12.5.2020, градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, го прогласува одобрението за ништовно. Жалбата на „Амадеус девелопмент“ до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски е одбиена како неоснована затоа што биле фирмата требало да почнае со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу две години од правосилноста на одобрението.

Во согласност со склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги почитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија3 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија4 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија4 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија21 час

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија23 часа

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа2 дена

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Македонија2 дена

Влада: До 50 проценти присуство на публика на настани во затворено, услов се две дози на вакцина

Владата на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за...

Топ2 дена

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување порнографски материјал на дете, соопшти полицијата. СВР Тетово поднесе кривична пријава против...

Досие