Скопје
Ваучери за спортски камп за најдобрите одбојкарки и ракометарки од училиштата во Кисела Вода

Одбојкарките од ООУ „Партенија Зографски“ и ракометарките од ООУ „Кузман Шапкарев“ кои се победници во општинската лига на спортови ја посетија Општина Кисела Вода.
Остварија средба со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, од кого добија ваучери за летен спортски камп кој ќе се одвива во Охрид. Во присуство на своите наставници по физичко воспитување, кои воедно се и нивни тренери, Тамара Стојанова, како и Благоја Кечовски и Дејан Апостоловски, и Претседателот на Сојузот на училишен спорт Дејан Стоимановски, младите спортистки споделија дел од своите вредни моменти од натпреварувањата и разговараа за нивните спортски амбиции и желби. Му се заблагодарија на градоначалникот Ѓорѓиевски за целокупната поддршка, а тој им вети дека ќе ги посети на кампот во Охрид.
„Голема е мојата чест што денес во Општина Кисела Вода имаме талентирани ученици кои знаат да го искористат својот потенцијал. Вашиот успех е доказ за посветеноста, трудот и љубовта кон спортот и ви честитам за освоените титули и постигнатите резултати. Како градоначалник, мојата мисија е да ги поддржам сите млади таленти во нашата општина. Затоа, денес со задоволство ви доделувам ваучер за летниот спортски камп во Охрид. Ова е само мал знак на признание за вашиот труд и поттик за вашата иднина. Кампот ќе биде одлична можност за вас да се развивате, да стекнете нови вештини и да создадете нови пријателства. Впрочем летово, и јас ќе ве посетам во Охрид и ќе можеме и таму да се дружиме.
Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на вашите наставници и тренери по физичко воспитување, кои постојано вложуваат време и енергија во вашето развивање. Вашиот успех е резултат и на нивната посветеност и поддршка. Од своја страна, јас како градоначалник и Општина Кисела Вода, продолжуваме да инвестираме во спортот преку различни стипендии и изградба на нова спортска инфраструктура. Нашата цел е да создадеме услови за сите млади спортисти да ги достигнат своите потенцијали и да ги остварат своите соништа.
Ве охрабрувам да продолжите да бидете амбициозни и посветени. Очекуваме од вас големи резултати во иднина, резултати на кои ќе се гордее целата општина, но и целата држава. Вашите успеси се наши успеси, и заедно ќе продолжиме да градиме светла иднина“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Горда сум на моите девојки со кои освоивме прво место и сакам да се заблагодарам за можноста укажана од градоначалникот да учествуваме на спортскиот летен камп. Се надевам дека пред нас се уште поголеми успеси“, изјави капитенот на ракометарите од ООУ „Кузман Шапкарев“, осмоодделенката Евгенија Смиљковска.
„Чест ми е што сум дел од најуспешниот училишен тим во одбојка во Општина Кисела Вода и што, заедно со останатите одбојкарки од ООУ „Партенија Зоографски“, ќе бидам дел од кампот во Охрид. Очекувам дека таму уште повеќе ќе имаме можност да ги ги унапредиме нашите спортски вештини, да се дружиме и да создадеме убави спомени и затоа, од име на сите, сакам да се забагодарам за наградата“, изјави Јоана Исајловска, деветтоодделенка од ООУ „Партенија Зоографски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari