Скопје
(Видео) Мицкоски: Почна изградбата на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба

„Задоволство за мене претставува секогаш кога ќе бидам дел од ваков настан, каков што е овој да отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе од 700 дечиња ќе можат да се стекнуваат со знаење“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти.
Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава.
Така што уште еднаш дозволете ми еве да го искажам моето огромно задоволство што мислам градоначалникот рече во рок од максимум две години, овде ќе биде изградена една нова претставителна со европски квалитет зграда во којашто повеќе од 700 дечиња ќе можат да стекнуваат знаења, да се дружат и да ги поминуваат своите ученички денови во ова основно училиште“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari