Скопје
(Видео) Муцунски: Со нова капитална инвестиција обезбедуваме дополнителен простор за згрижување 200 дечиња

Општина Аеродром објави оглас за спроведување постапка за јавна набавка за изведување градежни работи за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“. Станува збор за проект што градоначалникот Тимчо Муцунски го најави на крајот на минатата година, а кој почна да се реализира на почетокот на оваа. Со ова се решава проблемот со згрижувањето на дечињата во најнаселениот дел од општина Аеродром.
„Предизвиците во делот на социјалната грижа и заштита ги решаваме со нова капитална инвестиција. Станува збор за доградба и надградба на детската градинка ‘Изворче’, со дополнителна површина од 1.600 квадратни метри и капацитет за згрижување уште 200 дечиња“, истакна градоначалникот Муцунски во видео објавено на неговата фејсбук-страница.
Освен доградбата и надградбата на детската градинка „Изворче“, во следниот период планирано е да почне и постапката за доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“, известува Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari