Скопје
(Видео) Општина Карпош ги реконструира фасадите што не се обновени од 1980 година

Општина Карпош ги реконструира фасадите кои не се обновени уште од 1980 година. Денеска, пред медиумите, ова го потврди и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој образложи што се работи во моментов и што е планирано да се реконструира во иднина.
„Денеска се наоѓаме на улицата „Јуриј Гагарин“ кадешто се реконструирани две станбени згради со број 47 и 49, а претходно беше реконструирана фасада на станбен објект на улицата „Братфордска“ кој преостанува задниот дел да се доврши. Во исто време продолжуваме кон десеткатниците кои се наоѓаат на улица „Јуриј Гагарин“ 53 и 70“, рече Јакимовски.
Од општинскиот буџет за оваа намена издвоени се околу 450.000 евра за разубавување на Општината, но во исто време би се зголемила енергетската ефикасност на овие објекти. Првиот човек на општината додаде дека по завршувањето на обновата на фасадите на улицата „Јуриј Гагарин“, се продолжува и на други локации во Карпош.
„По улицата „Јуриј Гагарин“, продолжуваме со реконструкција на фасадите на руските згради, после студентскиот дом „Гоце Делчев“ од десната страна, односно на улицата „Адолф Циборовски“, кадешто се планирани да се обноват четири фасади“, заврши градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар)
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров. (Општина Центар)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)