Скопје
(Видео) Партијата Левица ги поддржа граѓаните: Протест за поништување на ДУП што предвидува висококатница во Лисиче
Граѓани од скопско Лисиче протестираа пред седиштето на Општина Аеродром, откако на седница на Совет беше изгласан ДУП со кој се предвидува и висококатница во населбата Лисиче. Партијата Левица им даде поддршка на граѓаните, а нивните советници гласаа против спорниот ДУП.
Советникот Горан Костовски од Левица истакна дека се прекршени повеќе процедури, така што ДУП-от за Лисиче ќе биде оспорен. Освен што е ставен вон Деловникот, ДУП-от бил донесен и како „итна точка“, а немало итност, велат од партијата Левица.
– Не помина на Комисија за урбанизам каде јас сум член. И затоа ќе следува претставка. Исто така, по Деловникот на Општина Аеродром, кога се носи ваква „итна“ точка, било кој советник може да побара пауза од неколку часа, доколку сака да спреми амандмани. Меѓутоа, мене тоа деловничко право не ми беше овозможено од претседателот на Советот, Дејан Митески. Дополнително, планот добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски од досегашниот министер Благој Бочварски. Меѓутоа, одобрувањето е ден пред седницата, а министерот е во оставка и не може да одобрува ДУП. Така што, ова ќе се спори и на Уставен суд, посочи Костовски.
Според него, ако се изгради зграда од 12 ката, тогаш Лисиче ќе биде под канџите на градежната мафија, која ќе почне да им ги откупува бараките на локалните староседелци.
„Жителите на Лисиче сакаат да им се зачува карактерот на населбата, кој е со семејни куќи и не сакаат згради, не сакаат дополнителна урбанизација. Сметаат дека со овој ДУП, дополнително ќе се бетонизира населбата, ќе се создаде урбанистички и сообраќаен хаос.
Советниците од Левица најавуваат дека следи кривична пријава за несовесно работење во службата до претседателот на Совет, Дејан Митевски, поради одземање на советничкото право за поднесување амандмани и прекршување на Деловникот.
ДУП-от беше усвоен со 16 гласа „за“ од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од општина Карпош
Денеска, поради промена на вентил во шахта ф 2“ на улица Никола Русински бб (за Македонска Пошта), прекинато водснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од улицата Никола Русински и детската градинка во општина Карпош.
Скопје
Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, С,есница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;
· Од 08,30 до 12,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Волково;
· Од 09,00 до 13,00 часот општина Карпош дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае;
· Од 13,30 до 14,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Радуша
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).