Скопје
(Видео) Јовановска: Заради инаетот на ДПМНЕ, заглавија проектите за градинки и училишта во Скопје
На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од Левица – Катерина Јовановска истакна дека инаетот на ДПМНЕ е причина за заглавените проекти за училишта и градинки во Скопје.
– Досега требаше да научите дека советничките групи и советниците поднесуваат иницијативи, а градоначалникот е тој којшто поднесува предлог – одлука. Зошто советничката група на ВМРО – ДПМНЕ не поднесе иницијатива, туку го рипна Градоначалникот и веднаш поднесе предлог – одлука? Одговорот го кажа самата колешка Марија, којашто кажа дека тоа е поради ИНАЕТ што се води помеѓу советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Градоначалникот со службите на градот Скопје – потенцираше советничката Катерина Јовановска од Левица.
Левица секогаш апелира кон запазување на правните процедури. Обраќајќи се кон граѓаните, Јовановска од рече:
,,Почитувани граѓани, поради инает којшто го води советничката група на ВМРО – ДПМНЕ со нивниот градоначалник, дечињата од Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба ќе почекаат уште долго време додека седнат во клупите на училиштата којшто треба да се изградат и градинките, како и спортското игралиште што досега требаше да се изгради, а не предизборно да ги донесуваат во погрешна процедура овие одлуки”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

