Скопје
Во Гази Баба доделени наградите за најубаво уредени дворови и балкони
Градоначалникот на општина Гази Баба денеска додели награди за најубаво уредени приватни и стопански дворови и балкони.
За проектот „Цвеќето и зеленилото на нашата општина“ се пријавија 24 лица, а наградите беа рангирани во 3 категории. Награди добија 5 лица, и тоа 3 за најдобро уреден двор поделени во прво, второ и трето место, едно лице за најдобро уреден балкон и едно лице доби награда за најдобро уредено зеленило пред стопански објект. Наградените добија градинарски алат што ќе им служи за одржување на зеленилото.
„Целта е ваквите проекти да го мотивираат населението да ја озелени и ја обои својата животна средина, а со тоа да се разубави и општина Гази Баба. Ние и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите кои придонесуваат за подобрување на животната средина во општина Гази Баба. Досега успеавме да направиме клучни промени во овој дел и тоа: за Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007” кое беше заборавено – набавивме нова опрема и нова механизација, изградивме соодветен нов објект, овозможивме нови вработивања, сè во функција на граѓаните, потоа поставивме нова урбана опрема во неколку населени места, постојано ги чистиме и одржуваме дивите депонии, реализиравме неколку екоакции, а даваме и поддршка за менување кровови и доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети“, нагласуваат од општината.
Овој настан се спроведува под покровителство на општина Гази Баба, а се реализира со Организацијата на жени на општина Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.

