Контакт

Скопје

Во Гази Баба доделени наградите за најубаво уредени дворови и балкони

Објавено пред

Градоначалникот на општина Гази Баба денеска додели награди за најубаво уредени приватни и стопански дворови и балкони.

За проектот „Цвеќето и зеленилото на нашата општина“ се пријавија 24 лица, а наградите беа рангирани во 3 категории. Награди добија 5 лица, и тоа 3 за најдобро уреден двор поделени во прво, второ и трето место, едно лице за најдобро уреден балкон и едно лице доби награда за најдобро уредено зеленило пред стопански објект. Наградените добија градинарски алат што ќе им служи за одржување на зеленилото.

„Целта е ваквите проекти да го мотивираат населението да ја озелени и ја обои својата животна средина, а со тоа да се разубави и општина Гази Баба. Ние и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите кои придонесуваат за подобрување на животната средина во општина Гази Баба. Досега успеавме да направиме клучни промени во овој дел и тоа: за Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007” кое беше заборавено – набавивме нова опрема и нова механизација, изградивме соодветен нов објект, овозможивме нови вработивања, сè во функција на граѓаните, потоа поставивме нова урбана опрема во неколку населени места, постојано ги чистиме и одржуваме дивите депонии, реализиравме неколку екоакции, а даваме и поддршка за менување  кровови и доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети“, нагласуваат од општината.

Овој настан се спроведува под покровителство на општина Гази Баба, а се реализира со Организацијата на жени на општина Гази Баба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без вода делови на општина Бутел

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација, информираат дека поради дефект на неколку затворачи со димензија ф-400 мм., на ул. Бутелска бб (во близина на блокара Орашец), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Бутел 1, потегот кај расадник Радишани и ул. Босна и Херцеговина-Скопје Север.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 до 15:00 часот. ( општина Бутел )

Прикажи повеќе...

Македонија

В недела без вода ќе бидат делови на општина Бутел

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека в недела, поради дефект на неколку затворачи со димензија ф-400 мм, на улицата Бутелска бб (во близина на блокара Орашец), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Бутел 1, потегот кај расадникот „Радишани“ и улицата Босна и Херцеговина-Скопје Север.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 до 15 часот во општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Парите за новороденче Аеродром ги исплаќа како авторски договор

Објавено пред

Општина Аеродром помошта од 5.000 денари за новороденче, наместо како социјален трансфер, во УЈП ги пријавува како авторски договор. Случајот во „Макфакс“ го пријави жител на Аеродром, кој на домашна адреса добил писмо во кое пишува дека Општината му префрлила пари по основ на договор за повремено вршење услуги. При пополнување на апликацијата за еднократната помош родителите тврдат дека не потпишале ваков договор ниту, пак, им било кажано дека парите во УЈП ќе бидат пријавени по овој основ.

„Нити сум потпишал авторски договор нити, пак, сум вршел некаква хонорарна работа за нив, па писмото ме збуни. Кога се обратив во Општината, ми кажаа: ‘Господине, тоа се парите што сте ги примиле за новороденче. Но, ние немаме законска основа да ги исплатиме така, па ги заведовме под таа ставка затоа што така нè подучија од УЈП. Ние на овој начин со години исплаќаме пари, сè е регуларно, нема за што да се грижите“, изјави родител за „Макфакс“.

Дека парите се исплатени како авторски договор, граѓаните дознаваат кога Општината ќе им испрати потврда за префрлените пари и платениот данок, која треба да ја приложат во УЈП

Исплатените пари за новороденче се со пресметан персонален данок од 556 денари, односно Општината ја намирила обврската кон УЈП. Но, сепак, спорно за корисниците на оваа услуга е што парите се пријавуваат по друг основ. „Макфакс“ побара одговор од надлежните служби во Општината, но од таму нема дециден одговор зошто парите се исплаќаат како за извршена услуга, туку само објаснување за персоналниот данок.

„Општина Аеродром со одлука на Советот исплаќа еднократна парична помош на новороденчиња и првачиња. Од таа причина, во согласност со Законот за персоналниот данок, односно актуелниот Закон за личниот доход, Општината е должна да пресмета и да исплати персонален данок на доход. Притоа, Општината издава потврди за исплата на персонален доход за кој е информирана и Управата за јавни приходи во согласност со нивната апликација. Конкретно, на барање за новороденче Општината исплаќа пет илјади денари, а во согласност со законската регулатива Општината го презема плаќањето на данокот за тие средства. При исплатата на овие средства не се прекршува ниту еден закон“, информираат од таму.

Инаку, кога родителите аплицираат за остварување на ова право, приложуваат извод од Матичната книга на родените за бебето, уверение од Книгата на венчаните или потврда за живот во вонбрачна заедница, копија од трансакциска сметка и пополнуваат барање со кое аплицираат за помош за првородено или втрородено дете. Притоа на родителите не им се кажува дека парите ќе бидат исплатени по овој основ и дали тие се согласни со начинот на исплата. Дека парите се исплатени како авторски договор, граѓаните дознаваат кога Општината ќе им испрати потврда за префрлените пари и платениот данок, која треба да ја приложат во УЈП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија1 час

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за...

Култура2 часа

Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал  „Санденс“ ги потресла...

Македонија2 часа

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ3 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија3 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија5 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија6 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет7 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет8 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет9 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет9 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет10 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија18 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија21 час

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија24 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија1 ден

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Досие