Македонија
Во Скопје има детални урбанистички планови кои сакаат шверцерски да ги протнат, алармира Арсовска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/danela-arsovska-3.jpg)
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, побара хумано градење во градот, но и следење на стандардите за градење, за да не се повтори тоа што се случи пред 60 години со катастрофалниот земјотрес. Им се заблагодари на вработените во ИЗИС и ги повика сите присутни да се спротивстават на урбаната мафија. Потенцира дека во моментот се работи на Генералниот урбанистички план, кој треба да биде водила за тоа како градот ќе се развива идните 10 години.
„Треба да превенираме да не се случи она што се случи. Да се биде на браникот на тоа да не се овозможи сеизмички несоодветни објекти да се градат – е многу важно. Но, важно е да се земат предвид и другите фактори што треба да ги имаме за развојот на нашиот град. А тоа е хуманото градење, град Скопје да се гради хумано“, рече Арсовска.
Ги повика присутните и вработените во ИЗИС да направат сè што сметаат и што можат за во град Скопје да не се развива урбаната мафија.
„Со тимот во Град Скопје имавме состанок и анализиравме и дојдовме до тоа дека има детални урбанистички планови кои сакаат шверцерски да се протнат низ институциите. Затоа повикувам да зборувате гласно, да ја дадете својата експертиза секаде каде што е неопходно“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.