Скопје
Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност.
„Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со радост, мир и благосостојба. Да го споделиме духот на солидарноста и да покажеме грижа за оние на кои им е најпотребна“, истакна Герасимовски во обраќањето до граѓаните.
Тој воедно ја нагласи важноста од зачувување на традицијата, како темел на единството и меѓусебната почит, особено за младите генерации.
Во духот на православието, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ја освети бадникарската погача, а празнични честитики до присутните упатија овогодинешниот кум, Радомир Макеларски, и здравичарот Атанас Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)