Контакт

Скопје

Герасимовски: Позорникарите ќе се грижат за безбедноста на граѓаните во секое маало во Центар

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје оствари средба со граѓаните што живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари, кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и поддршка секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така, на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи, како и разговор со позорникарите за секое прашање што ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нè заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност“, изјави Герасимовски.

Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192.

Инаку, маалските полицајци позорникари најпрвин ќе се вратат во Општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, личната сигурност и заштита на имотот на граѓаните, спречување извршување казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Македонија

Арсовска: На Меѓународниот ден на младите првпат се формира собрание на млади на Град Скопје

Објавено пред

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите, го потпиша решението за формирање собрание на млади на Град Скопје, кое се основа првпат во Град Скопје во согласност со Законот за младинското учество и младинските политики.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на денешното одбележување градоначалничката Арсовска оствари средба со претставниците на иницијативниот одбор за конституирање собрание на млади на Град Скопје, кои ја информираа за подготвителните активности за организирање на конститутивнaта седница на собранието на младите на Град Скопје.

Иницијативниот одбор, по спроведен јавен повик за учество на конститутивно собрание на младите на Град Скопје, ги избра делегатите на собранието, во кое членуваат претставници од младински организации, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на локалниот младински совет на Град Скопје, кои во согласност со регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.

Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живеење на младите, а формирањето на локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво.

Прикажи повеќе...

Македонија

Здружението на летните ноќни клубови на Скопје: Добивме дозвола за работа и по полноќ

Објавено пред

„Сакаме да ве известиме дека нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат“, се вели во соопштението од Здружението на летните ноќни клубови на Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот по полноќ“, велат оттаму.

Од Здружението истакнуваат дека „младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите во Македонија и во светот да се забавуваат, да се социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стефковски: Нема веќе злоупотреба на службените возила

Објавено пред

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на официјалната страна на „Фејсбук“ ги информира граѓаните за воведувањето на новиот мониторинг-систем за службените возила на Општина Гази Баба. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

dobivaj vesti na viber

„Воведен е 24-часовен мониторинг-систем на движењето на службените возила на Општина Гази Баба.

Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг-систем на движењето на службените возила.

Во Општина Гази Баба се работи чесно и домаќински!

Овој систем произлезе како барање на граѓаните, кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила.

Нема веќе користење на службените возила за приватни цели.

На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред Општината.
Градоначалникот и општинската администрација се во Општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите!“, напиша Стефковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Кочоска Димитриеска: СДСМ се здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени...

Македонија57 минути

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион3 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија3 часа

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија3 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа3 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа4 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа4 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија21 час

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија23 часа

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија23 часа

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија1 ден

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...

Топ1 ден

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија1 ден

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет1 ден

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...

Регион2 дена

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...