Скопје
Дел од општините Петровец, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН денеска, без електрична енергија ќе бидат дел од општините Петровец, Ѓорче Петров и Аеродром
Во период од 6 до 12 часот дел од општина Петровец, позади ЕУРОИталија (пат кон село Огњанци), село Бадар, село Катлановско Блаце, село Тотинци, село Огњанци, ТС Еуроланд, ТС Арадико, ТС Фаз, Јасен, ТС Старолија-Катланово, ТС Тунел Катланово и село Кожле;
Од 09 до 12 часот дел од корисниците кај новата пошта во село Волково, општина Ѓорче Петров;
Во период од 08 до 15 часот улицата 2 во село Долно Лисиче, општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Утре и в понеделник ЈСП Скопје ќе работи по неделен возен ред
ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 година (понеделник) ќе се работи по неделен возен ред.
За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Ѓорче Петров; и
– Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
В понеделник 9.09.2024 година, нема да биде во функција жичницата.
Скопје
Пуштена во употреба атлетска патека и трибина во рамките на спортскиот комплекс „Драго Маневски“ во општина Илинден
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ја пуштија во употреба новата атлетска патека, која се наоѓа во рамки на новиот Спортски комплекс „Драго Маневски“, односно околу изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден.
На настанот покрај големиот број присутни љубители на спортот присутни беа и пратеници, советници, дитектори како и големи спотрски имиња.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека изградбата на овој спортски комплекс доби сосема нов лик кој го носи името на нашиот сограѓанин, паднатиот борец Драго Маневски од Илинден.
Тој додаде дека Општината е голем поддржувач на спортистите, а доказ за тоа се големиот број спортски натпревари, но и инвестициите кои ги прави Општината за создавање на соодветни, модерни спортски терени за нашите спортисти.
– Спортски комплекс со атлетска патека за прв пат е изграден во Општина Илинден, такашто спортистите односно атлетичарите од Општина Илинден сега имаат одлични услови за вежбање со цел остварување на големи успеси. Оваа атлетска патека можат да ја користат и најмладите кои имаат афинитети кон атлетиката, но и оние посериозните, сениорите кои веќе се докажани и ќе ги развинаат своите атлетски способности за уште поголеми резултати, како во Македонија така и на странство, изјави Георгиевски.
Министерот за спорт, Борко Ристовски го поздрави овој проект и истакна дека ретки се градоначалниците како Георгиевски кои вложуваат со особено внимание во спортската инфраструктура, спортистите и младите. Министерот додаде дека Министерството за спорт секогаш ќе биде отворено за поддршка и реализација на проекти.
Атлетската патека е изградена со 4 патеки во вкупна должина од 200 метри, на која е поставена најсовремена тартан подлога. Покрај патеката изградена е бетонска трибина на која се поставени 175 седишта, како и ограда околу трибината.
Во рамки на активностите од настанот во придружба со претставници од фамилијата, беше откриена и спомен таблата на паднатиот борец Драго Маневски.
Пред почетокот на свеченоста во градоначалничкиот кабинет, градоначалникот Александар Георгиевски, му врачи плакета на атлетичарот Дарио Ивановски, за особен придонес и промоција во спортот.
Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, велат од општината.
Скопје
Се одржа манифестацијата „Македонија живее“ во Гази Баба
Вчера, на плоштадот во Автокоманда во организација на општина Гази Баба се одржа манифестацијата во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.
Пред граѓаните свое обраќање имаа градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Министерот за локална самоуправа Златко Перински.
„Денес кога одбележуваме 33 години од нашата независност, имаме должност да ги прелистаме страниците на долгата македонска историја, бидејќи не смееме да дозволиме правта на заборавот да ги покрие делата на илинденците, партизаните, асномците и бранителите“, истакна Стефковски пред граѓаните.
„За жал долги години по неговото прво заседание, една мината влада реши да го избрише токму АСНОМ од преамбулата на Уставот на Република Македонија. Па зарем некој мисли дека со менување на уставот може да ја избрише колективната историја на македонскиот народ? Секако дека не! Во услови на безнадеж проработи имунитетот на македонскиот народ. После долги години национални понижувања, Македонија доби влада која знае дека постојат прашања за кој не се преговара, стекнати права за кои не се разговара и црвени линии преку кои не се поминува“, заклучи Стефковски.
На почетокот на настанот се оддржа перформансот „Македонија живее“ во кој вокално инструменталната група Аманет изведе неколку македонски патриотски песни поврзани со историјата на македонија, а македонските актери Григор Јовановски и Ирена Илиевска ги прочитаа конститутивните документи, Манифестот на АСНОМ и Декларацијата за независност на Македонија. Крајот на перформансот го одбележа спектакуларната изведба на Заветна од страна на естрадниот уметник Бојана Скендеровски.
Покрај перформансот, настанот имаше и музичка програма во која учествуваа Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Андријана Јаневска и Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски.