Скопје
Дрекслер до Герасимовски: Силна поддршка за европската агенда за одржлива енергија во општините

Размена на искуства и силна поддршка доби градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, од германската амбасадорка Петра Дрекслер за проектот за енергетска независност и самоодржливост на Општина Центар. На средбата со амбасадорката Герасимовски ги презентира проектот на „Енергија Центар“, поставувањето фотоволтаици во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, во објектот „Пепелашка“.
Како што соопшти Општина Центар, дополнително е информирано и за плановите да се постават фотоволтаични системи и на покривните конструкции во три основни училишта. Амбасадорката ги пофали напорите на Општината, кои се движат по зелената агенда, на која се фокусира и германската влада. Таа понуди и соработка за реализација на проекти за одржлива енергија. Германската амбасада ги поздрави проектите на Општина Центар за социјална заштита на најранливите категории граѓани.
Инаку, Општина Центар е прва општина што формира сопствено јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.
„Со реализацијата на овој проект Општината ќе биде електро-енергетски независна и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе бидат искористени за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти што ќе им бидат од корист на граѓаните. Станува збор за долгорочна инвестиција не само за нас туку и за идните генерации“, истакна градоначалникот Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре дел од општината Студеничани

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектите лоцирани на депонијата Дрисла, како и корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)