Скопје
Заштитни столпчиња на улицата Костурски херои кај „Силбо“

Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар утринава постави заштитни столпчиња кај фурната „Силбо“.
Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по многуте поплаки од жителите што пристигнуваат во Општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос што се создава на оваа делница.
Поставени се вкупно 47 столпчиња на улицата Костурски херои, на потегот од раскрсницата со улицата Радњанска до вклучувањето на булеварот Партизански одреди, односно пред фурната „Силбо“.
Со поставувањето на столпчињата веќе нема да може автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата Костурски херои и ќе се намали метежот на овој потег.
Од Општината апелираат до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од понеделник ПОЦ ќе врши и комунални услуги

На седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги.
Префрлувањето на вработените и механизацијата ќе се случи во понеделник, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека хигиеничарите иако ќе бидат префрлени во ПОЦ финансирањето на платите ќе продолжи да се извршува од Буџетот на општината.
„Во делот на работењето, во делот на ова преземање на хигиеничарите разговаравме уште минатата година и тоа беше усогласено. Од 3ти април се префрлаат сите хигиеничари заедно со механизацијата за кои и понатаму ќе се грижи општината. Имаме во програма и во буџет предвидено средства за истата. Имаме на број околу 110 хигиеничари. Ќе вложуваме и оваа година верувам и следната и ќе помагаме и ќе субвенционираме работење на ПОЦ поради тоа што и самите хигиеничари се таму и ние како општина мораме да одвојуваме средства и за нивните плати и за опремата којашто е на користење“, изјави Герасимовски на Седницата на Совет.
Обврски на хигиеничарите кои ќе работат во рамки на ПОЦ ќе бидат држување на чистотата на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење на суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и паркови на територија на Општина Центар (косење трева, поткастрување гранки и сл.), одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Центар чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.
Со префрлање на хигиеничарите од општина во јавното општинско претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ градоначалникот Герасимовски исполни уште едно предизборно ветување. ПОЦ отвора нов сектор и освен за паркинзите ќе води грижа и за хигиената во општината.
Македонија
Поради дефект без вода корисниците на улица „Романија“ кај „Пивара“

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска поради уличен дефект од ф – 500 мм на ул. Романија бб кај Скопска Пивара, во периодот од 20.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Романија. ( општина Гази Баба )
Македонија
Жичницата од денес ќе работи еден час повеќе

Од денес жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Во согласност со одлуката за возен ред за април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираа од ЈСП.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.