Контакт

Скопје

Изменет сообраќаен режим низ Скопје поради верскиот празник Водици

Објавено пред

Поради манифестациите кои на 19  јануари ќе се одржат по повод верскиот празник Водици, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени улици во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.

Како што информираат од МВР, во периодот од 10:00 часот па до завршувањето на настаните по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и кеј „13 Ноември“ до булеварот Кочо Рацин.

Во општината Ѓорче Петров од 10:00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Ѓорче Петров, лево по улицата Васил Чакаларов, како и од црквата Свети Пантелејмон по улицата Демир Трајко и лево по улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон сeло Лисиче.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Македонија

Без вода делови на Центар

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известување дека поради дефект на затворач од Ф 200 мм на булеварот Кочо Рацин бб, денеска, во периодот од 8 часот па сè до санирање на дефектот, без вода ќе останат дел од корисниците од булеварот Кочо Рацин, како и дел од корисниците од улиците Пролет, Стив Наумов и Тетовска (општина Центар).

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без вода делови на Центар

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известување дека утре, поради дефект на затворач од Ф 200 мм на булеварот Кочо Рацин бб, во периодот од 8 часот па сè до санирање на дефектот, без вода ќе останат дел од корисниците од булеварот Кочо Рацин, како и дел од корисниците од улиците Пролет, Стив Наумов и Тетовска (општина Центар).

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара итна расправа за правата на пожарникарите

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара на денешната седница на Советот во Град Скопје да се расправа како вонредна точка за состојбата и правата на пожарникарите од Противпожарната единица на Градот.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека пожарникарите не го добиваат надоместокот за опасност при работа иако имаат право на тоа и е законска обврска на Градот.

„Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов немаат слух за нивните потреби иако за тоа нивно право за исплаќање надомест за опасност при работа имаат и одлука од судот дека им припаѓа“, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, СДСМ и мнозинството во Советот гласаа против тоа да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во целост ги поддржува барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и Град Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата. Крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и Град Скопје кон луѓето што работат за скопјани и нивната безбедност. За него, темата со правата на пожарникарите е неважна да биде предмет на јавна дискусија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија1 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет1 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија2 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет3 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија4 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет5 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет5 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет5 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа5 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет15 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија16 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа18 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија19 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија20 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија20 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт23 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет23 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет24 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија24 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Досие