Скопје
Кисела Вода ги реконструира улиците Баница , Кратовска и три крака на Мариовска
Градежни активности за реконструкција на неколку сообраќајници се одвиваат во населбите Пржино и Црниче. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид на потегот со вкупна површина од 4800 квадратни метри кои ги опфаќа краците 1, 2 и 3 на улицата „Мариовска”, како и улиците „Баница” и „Кратовска“.
„Денес започнуваме со градежен зафат за реконструкција на неколку улици во населбата Црниче, конкретно „Баница” и „Кратовска”, со површина од 3300 квадратни метри и крaците 1, 2 и 3 на улицата „Мариовска” во Пржино, со опфат од околу 1500 квадратни метри. Повеќе од 30 години овие сообраќајници никој не ги реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓаат. Јас, како градоначалник досега многупати имам кажано дека нема да има заборавени улици, заборавени населби и дека до крајот на мојот мандат сите улици бидат асфалтирани. Граѓаните се оние кои ми ја дадоа довербата која планирам целосно да ја оправдам. Овој проект е уште една потврда на кажаното и уште еден чекор напред во обновата на патната инфраструктура на општина Кисела Вода“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од општина Карпош
Денеска, поради промена на вентил во шахта ф 2“ на улица Никола Русински бб (за Македонска Пошта), прекинато водснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од улицата Никола Русински и детската градинка во општина Карпош.
Скопје
Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, С,есница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;
· Од 08,30 до 12,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Волково;
· Од 09,00 до 13,00 часот општина Карпош дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае;
· Од 13,30 до 14,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Радуша
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).